Тале Христов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
TaleHristov.JPG
Роден 1878
Прилеп, Македонија
Починал 23 јули 1903
Беловодичка планина, Македонија


Тале Христов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација [1][2].

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој бил роден во 1878 година во Прилеп. Во Битола завршил гимназија и станал учител во Прилеп. Уште во младите години додека учел се вклучил во редовите на ТМОРО.

За време на учителствувањето работел на јакнење на револуционерната организација во Прилеп и Прилепско. Учествувал на Смилевскиот конгрес во мај 1903.

На 23 јули 1903 година бил опколен од турски аскер и во борбата бил тешко ранет. Успеал да се скрие во една пештера, каде по неколку дена искрварил и умрел на 23 јули 1903 година.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Кратка биография на Тале Христов
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 180.