Живово
Живово | |
![]() Поглед на куќи во Живово | |
Координати 41°12′28″N 21°48′59″E / 41.20778° СГШ; 21.81639° ИГДКоординати: 41°12′28″N 21°48′59″E / 41.20778° СГШ; 21.81639° ИГД | |
Регион | Мариово |
Општина | ![]() |
Население | 0 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 20038 |
Надм. вис. | 950 м |
![]() |
Живово — целосно раселено село во Општина Прилеп, во областа Мариово, југоисточно од градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Живово е планинско село. Се наоѓа во областа Мариово. Тоа е сместено на планината Козјак, од десната страна на Црна Река (предел познат како Старо Мариово).
Историја[уреди | уреди извор]
Селото Живово за првпат се спомнува во пописните отомански дефтери од 1476 година.
Во XIX век, Живово било село во Мариовската нахија во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Живово живееле 360 жители, од кои 350 Македонци и 10 Роми.[1]
Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Селото броело 250 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле само пет жители, Македонци.
Според последниот попис од 2002 година, во селото Живово немало жители.[3]
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 360[1] | 400[2] | 225 | 243 | 250 | 79 | 7 | 5 | 5 | 0 |
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1527 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна канцеларија на селото Витолиште. Во избирачкото место се опфатени населените места: Живово, Витолиште и Врпско.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 130 гласачи.[6].
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Цркви[уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Петка“ - Живово — главна селска црква, изградена во 1893 година
- Црква „Св. Петар и Павле“ - Живово - помала селска црквичка
Личности[уреди | уреди извор]
- Трајко Волчев Зојката - војвода и револуционер
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.247.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.