Ерековци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ерековци
Ерековци is located in Македонија
Ерековци
Местоположба на Ерековци во Македонија
Координати 41°12′46″N 21°28′59″E / 41.21278° СГШ; 21.48306° ИГД / 41.21278; 21.48306Координати: 41°12′46″N 21°28′59″E / 41.21278° СГШ; 21.48306° ИГД / 41.21278; 21.48306
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 385 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7514
Надм. вис. 660 м
Слава Велигден
Ерековци на општинската карта
Ерековци во Општина Прилеп.svg

Атарот на Ерековци во рамките на општината
Commons-logo.svg Ерековци на Ризницата


Ерековци е село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп, од левата страна на патот Прилеп - Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Зајдисонце кај Ерековци

Ерековци е рамничарско село на надморска височна од 660 метри, недалеку од Бакарно Гумно. Се наоѓа во крајниот јужен дел од Прилепско Поле. Од градот Прилеп селото е оддалечено 22 километри. Во Ерековци работат основно училиште до IV одделение и 4 прехрамбени продавници.

Историja[уреди | уреди извор]

Пред доаѓањето на Турците селото се нарекувало Сливово,(Слива = Ерек тур.)

Економија[уреди | уреди извор]

Населението се занимава исклучиво со земјоделство особено со одгледување тутун и житни култури (најмногу пченица и јачмен).

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Ерековци живееле 478 жители, од кои 360 Турци, 110 Македонци и 8 Роми.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Ерековци имало 110 Македонци, егзархисти.[2]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Ерековци живееле 554 жители, од кои 425 Турци и 129 Македонци.[3]

Според пописот од 2002 год. во Ерековци живеат 385 жители. Од нив 382 биле Македонци, 1 Србин и 2 останати.[4]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 881
1953 266 736 1 ... 1.003
1961 698 89 ... ... 1 ... 1 789
1971 624 1 16 ... 2 ... 643
1981 677 7 ... 684
1991 556 5 ... 561
1994 450 4 ... 1 455
2002 382 1 2 385

Родови[уреди | уреди извор]

Ерековци е македонско село, додека во минатото во селото имало и Турци.

  • Турски родови во селото биле: Гомарлар (10 к.), Сирвилер (8 к.), Љамелер (7 к.), Тиролар (6 к.), Голи Мутолар (6 к.), Палалар (7 к.), Крџелер (13 к.), Кара-Асанлар (13 к.), Амзалар (6 к.) и Ганиалар (5 к.) овие родови воглавно дошле во исто време, тоа било во втората половина на 18ти век. Во родот Палалар се знае следната генеологија Селман (жив на 72 год. во 1950тите) Рамадан-Суљман (наречен Палалар) -Селман-Абаз.
  • Македонски родови: Вршковци (12 к.) овде живееле и пред 1912 година, доселени се од селото Штавица, подалечно потекло од селото Кален, Мариово; Од 1912 до 1940 се доселиле родовите; Марковци (3 к.) доселени се од селото Лознани; Карабелевци (1 к.) доселени се од селото Новоселани; Шестаковци (2 к.) и Кромидовци (1 к.) доселени се од селото Боротино; Николевци (2 к.) доселени се од селото Вирово, Железник; Китановци (3 к.), Бошевци (2 к.) и Јошевци (2 к.) доселени се од селото Лознани; Дојчиновци (4 к.) и Наумчевци (3 к.) доселени се од селото Чепигово; Мицковци (5 к.) и Сиџимовци (1 к.) доселени се од селото Шелеверци; Стојковци (1 к.) доселени се од селото Веселчани; Годините 1955 и 1956 на имотите на иселените турски родови населени се Македонци од Караорманските села (10 к.), струшко (10 к.), Кичевско (5 к.) и Мариово (5 к.).[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Основно училиште Кирил и Методиј, до IV одделение. Во селото функционира и Месна Заедница, со цел подобрување на животните услови во селото.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Село Ерековци го слави како селска слава големиот Христијански празник Велигден. По повод Христијанскиот празник Водици,традиционално секоја година селото организира собир во Црковниот Храм -Воскресение Христово-, проследено со фрлање на крст во базенот на Црквата.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Од спортот во Ерековци,постарите генерации го паметат фудбалскиот клуб Стрела. За жал тој клуб повеќе не постои.Во селото долги години опстојувало и Културно Уметничко Друштво.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во последно време селото почнува демографски да изумира. Тоа се должи на емиграцијата село-град т.е. и така малиот број на младо население во потрага за подобар живот заминуваат во Прилеп, Битола, а нечесто и во Скопје. Заради малиот број на ученици селското училиште може наскоро да биде затворено.

Од село Ерековци постојат голем број на иселеници во Австралија,САД,Германија,Швајцарија,Франција,Австрија,Србија и др.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
  2. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 148-149.
  3. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]