Веселчани
Веселчани е село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во јужниот дел на Прилепско Поле. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Алинци на исток, Тополчани на југ, Загорани на запад и Галичани на север. Оддалечено е 14 километри јужно од Прилеп.
Историja[уреди | уреди извор]
Економија[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Веселчани живееле 350 жители, сите Македонци.[1]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Веселчани имало 160 Македонци, егзархисти.[2]
Според пописот од 2002 година, селото Веселчани брои 98 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350[1] | 160[2] | 333 | 344 | 361 | 319 | 273 | 125 | 121 | 98 |
Родови[уреди | уреди извор]
Веселчани е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.
Родови во Веселчани се: Момировци (7 к.), доселени се од селото Света, Железник, доселени се во ХVIII век, во Света имале 300 кози, и затоа на нив нападнале арамии, и потоа решиле да се преселат во Веселчани. Ја знаат следната генеологија Илија (жив на 70 год. во 1951 година) Томе-Димитрија-Миле-Кочо кој се доселил; Опашиновци (11 к.), доселени се однекаде, една нивна гранка се вика Газијановци; Пашовци (4 к.) и Марковци (4 к.), порано биле еден род, доселени се однекаде; Дошлаковци (2 к.), доселени се однекаде; Мојсовци (7 к.), доселени се во турско време од Беровци; Бришковци (3 к.), доселени се во турско време од Вардино, Железник; Јошмановци (2 к.) доселени се во турско време од Загорани, таму припаѓале на родот Брсјаковци, подалечно потекло од некое село во Железник.[5]
Општествени институции[уреди | уреди извор]
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Стојковци(1 к.) се иселени во Ерековци, Веселчанци (1 к.) живеат во Боротино, Милошевци (1 к.) иселени се во Алдинци. И неколку фамилии се иселени во Прилеп.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.247.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.150-151.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 331-332.