Боротино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Боротино
Боротино is located in Македонија
Боротино
Местоположба на Боротино во Македонија
Координати 41°17′21″N 21°24′3″E / 41.28917° N; 21.40083° E / 41.28917; 21.40083Координати: 41°17′21″N 21°24′3″E / 41.28917° N; 21.40083° E / 41.28917; 21.40083
Регион Прилепско Поле
Општина Coat of arms of Krivogaštani Municipality.svg Кривогаштани
Население 277 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 571 м. м
Слава Св. Марина
Боротино на општинската карта
Krivogaštani Municipality.svg

Атарот на Боротино во рамките на општината


Боротино — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Боротино се наоѓа во југозападниот дел на Прилепско Поле, на левата страна од реката Блато. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Кадино Село на исток, Загорани на југ, Пашино Рувци и Обршани на запад и Врбјани на север. Главниот пат со правец исток-запад го дели селото на два дела: северен кој се нарекува Горно маало и јужен, Долно маало.Оддалечено е 18 километри југозападно од Прилеп.

Историja[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Марина“ е изградена во 1862 година.[1]

На крајот на XIX век, селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства 175 жители мажи.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Боротино живееле 280 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Боротино имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Боротино живеат 277 жители, сите Македонци.[5]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 280[3] 120[4] 303 351 352 353 336 270 264 277

Родови[уреди | уреди извор]

Боротино е македонско село.

Родови во селото се: Ѓоргиовци (4 куќи), Секуловци (1 куќа) и Шестаковци (1 куќа) најверојатно се староседелци; Просаровци (3 куќи) и Пупалевци (2 куќи) шетале по многу села, овде се доселени во турско време; Огњановци (1 куќа) доселени се однекаде; Раловци (5 куќи) доселени се од Мало Коњари, таму им се род Каравеловци; Размовци (1 куќа) шетале по многу села, овде дошле од Обршани пред 1912 година; Стригловци (2 куќи) и они шетале насекаде, доселени се пред 1912 година; Ујгуновци (5 куќи) доселени се од Пашино Рувци; Барлевци (2 куќи) доселени се од селото Големо Коњари; Јанчевци (2 куќи) доселени се во 1913 година од селото Загорани; Волчевци (3 куќи) доселени се 1913 година од селото Секирци; Ќајовци (2 куќи) доселени се од селото Обршани; Брсјаковци (1 куќа) доселени се од селото Загорани, таму имаат истоимени роднини доселени од Железник; Бучинци (3 куќи) доселени од Бучин; Веселчани (1 куќа) доселени од Веселчани; Блажевци (1 куќи), Максим (1 куќа) и Тасевци (1 куќа) доселени од селото Базерник, Железник во 1947 година; Таљомановци (1 куќа) доселени од селото Куратица, охридско во 1947 година.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1517 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 224 гласачи.[9]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Цркви[10]
  • Црква „Св. Марена“ — селската црква. Се наоѓа на крајот од селото на југозападната страна. Изградена е во втората половина на XIX век;
Археолошки наоѓалишта[11][12]

Во спортскиот живот во Боротино доминира фудбалот кој се игра од 1985 година. Фудбалскиот клуб „Боротино“ успешно се натпреварува во Општинската лига на Градот Прилеп.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следните иселеници од ова село.

Бозовци иселени се во Загорани. Крбалевци иселени се во Врбјани. Лисковци иселени се во Поешево. Мисирковци иселени се во Мало Коњари. Шестаковци и Кромидовци иселени се во Ерековци.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Црква „Вознесение Марина", село Боротино“. Стар Прилеп. Посетено на 12 март 2014 г. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 76-77.
  3. 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.237.
  4. 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. 7,0 7,1 Trifunoski F., Jovan (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. 12,0 12,1 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофски проучавања, Београд 1998 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Јован“ е зададен повеќепати со различна содржина.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]