Црква „Св. Марина“ - Боротино
Изглед
Света Марина | |
Црквата со гробиштата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Малокоњарска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°17′23.6″N 21°23′42.4″E / 41.289889°N 21.395111°E |
| Место | Боротино |
| Општина | Кривогаштани |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Марина |
| Завршено | 1862 |
| Осветување | 1862 |
| Живопис | 1862 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабен |
| Стил | преродбенички |
Света Марина (или Света Марена) — главна селска црква во прилепското село Боротино, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа на влезот во селото од насока на Обршани. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во југозападниот дел на селото.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е подигната во втората половина на XIX век и претходно на нејзино место немало ништо.[3] Била завршена и осветена во 1862 година од митрополитот Венедикт Византиски.[4]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Претставува еднокорабна градба со висок свод и тристрана апсида однадвор.[4]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Целосно е живописана во 1862 година од зографот Станко Цветков од Крушево.[4]
Во припратата на црквата се чува римска мермерна статуа без глава и дел од градите.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта
- Влезот
- Камбанаријата
- Апсидата
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Малокоњарска Парохија | Преспанско - Пелагониска Православна Епархија“. Посетено на 2022-01-04.
- 1 2 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- 1 2 3 „Црква „Света Марина", село Боротино“. OLDPRILEP.COM. 2012-02-18. Посетено на 2022-01-04.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 282. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Марина“ - Боротино на Ризницата ?


