Годивле
Годивле (порано: Годивје) — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Ова е рамничарско село, кое се наоѓа во Пелагонија. Селото е во рамките на Општина Кривогаштани, неколку километри источно од Крушево.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Годиле и имало 13 семејства, 1 неженет и 2 вдовици, сите христијани. Селото било тимар на Јусуф, сина на Мухаммеди, и Мухаммеди, син на Јахша.[1]
На крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Во 2014 г. на дотогашното Годивје официјално му е вратено традиционалното име Годивле.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Годивле живееле 244 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Годивле имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Годивле живеат 166 жители, од кои 165 Македонци и 1 Србин.[5]
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 244[3] | 144[4] | 314 | 369 | 399 | 346 | 297 | 232 | 214 | 166 |
Родови[уреди | уреди извор]
Годивле е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
- Староседелски родови се: Несторовци (12 куќи), Колевци (3 куќи) и Ѓуровци (2 куќи).
- Доселенички родови се: Гулабовци (3 куќи) доселени се однекаде; Дувнимагловци (11 куќи) родот го основал Тасе, кој имал синови Тоше и Божин. Тасе се доселил од некое село во Охридско, најпрво се населил во Кривогаштани, па набрзо од таму прешол во Годивле; Толевци (5 куќи) потекнуваат од домазет кој влегол во родот Несторовци, а се доселил од некаде; Ацевци (8 куќи) за нив се вели дека потекнуваат од предок Ром кој најпрво живеел во Бело Поле, сега се женат со Македонки но црната боја им останала; Стојановци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Свето Митрани, таму припаѓале на родот Ѓаќеровци, подалечно потекло од некое село во Железник.[7]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1508 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 106 гласачи.[9]
Знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[10]
- Црква „Св. Атанасиј“ — селската црква. Се наоѓа над селото. Изградена е во втората половина на XIX век;
- Археолошки наоѓалишта
- Црква Св. Атанас — осамен наод од римско време;[11]
- Чука — некропола од непознат период;[7]
- Во Селото — неопределено наоѓалиште од непознат период;[7]
Личности[уреди | уреди извор]
- Ангеле Велев Крстески — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Трајко Миленков Најдоски — македонски револуционер од ВМОРО.[13]
- Пере Мицев Тасески — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Атанас Ташев Тасески — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Колевци иселени се во Кореница. Бозаровци иселени се во Кривогаштани. Сираковци и Мрснакора иселени се во Турско. Од родот Колевци во селото, има иселеници во Бугарија (едно семејство). Од родот Несторовци има иселеници во Турско и Прилеп (по едно семејство). Од родот Дувнимагловци има иселеници во Прилеп. Од родот Гулабовци како домазет се има иселено еден човек во Кривогаштани.[7]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.69
- ↑ „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година.
- ↑ 3,0 3,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.237.
- ↑ 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ 14,0 14,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Годивле на Карти на Google
|