Подвис (Прилепско)
Подвис (порано: Турско) — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Подвис е сместено во Прилепско Поле, западно од градот Прилеп.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото се викало Турско, иако во него не живеел ниту еден Турчин.
Во XIX век селото било дел од Прилепската каза во Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Подвис живееле 140 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подвис имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, во Подвис живееле 143 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140[1] | 80[2] | 218 | 240 | 271 | 242 | 232 | 181 | 152 | 143 |
Родови[уреди | уреди извор]
Подвис е македонско село.
Родови во селото се:
- Доселеници: Пејовци (3 к.) доселени се од селото Крушевица, Мариово, го знаат следното родословие: Цветко (жив на 70 г. во 1950-тите) Аце-Станко-Пејо, основачот на родот кој се доселил; Близнаковци (2 к.) не знаат од каде се доселени; Кутурџиовци (2 к.) доселени се од селото Мало Илино, Железник; Новевци (12 к.) по потекло се од Воѓани. Од зулум пребегнале во Крушево, па потоа прешле во Пресил, го знаат следното родословие: Јордан (жив на 41 г. во 1950-тите) Анѓеле-Нове, основачот на родот кој се доселил; Мрснакора (1 к.) од Годивле преминале во Воѓани, па во Бирино, и на крај дошле во денешното село; Дробачовци (1 к.) доселени се од селото Лажани; Врбјанци (2 к.) доселени се во 1910 година од селото Врбјани, и таму биле доселени однекаде; Кукевци (1 к.) од Свето Митрани прешле во Крушево, па од таму овде; Наумовци (2 к.) доселени се во 1923 година од селото Кореница, таму се викале Пресилци бидејќи дошле од селото Пресил; Сираковци (2 к.) доселени се во 1929 година од селото Годивле, таму припаѓале на родот Несторовци; Белувци (1 к.) доселени се во 1946 година од селото Белушино.[5]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1212 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 88 гласачи.[7]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од селото Подвис има иселено многу жители, претежно во прекуокеанските земји, но има и во европските земји, но нивниот број е помал во однос на оние во прекуокеанските земји
Религија и култура[уреди | уреди извор]
Цркви[8][уреди | уреди извор]
- Црква „Св. Троица“ - главната селска црква, е еднокорабна градба, со полукружна апсида на источната страна. Изградена е во 1924 година, врз темелите на постара црква, а преосветена е во 1999 година.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Црквата „Св.Тројца“ е светена на 11 јуни и отогаш секоја година во дворот на црквата се одржува кумство, секој член има право да биде кум со претходна пријава.
Археолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]
- Бавчи — некропола од доцноантичко време;[9]
- Кале - непознато од неопределено време;[10]
- Пустинско - непознато од неопределено време;[10]
Спорт[уреди | уреди извор]
- ФК Подвис — селскиот фудбалски клуб
Училиште[уреди | уреди извор]
Во склоп на општина Кривогаштани и основното училиште „Манчу Матак“, во село Подвис се наоѓа едно од подрачните училишта со многу мал број на ученици.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Кутурџиовци иселени се во селото Бело Поле. Думановци иселени се во селото Локвени. Од родови во селото, Кутурџиовци и Кукевци по едно семејство се преселило во Крушево. А иселеници има и во Прилеп.[10]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
„Подвис (Прилепско)“ на Ризницата ? |
- ↑ 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.237.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2019-01-02.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Подвис на Карти на Google
- Снимка од истражувањето на Подвиско Кале, археолошко наоѓалиште
- НОВИ ОТКРИТИЈА НА ’’ЛОКВЕНСКО КАЛЕ’’ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ
- Ликот на Александар после 23 столетија, во општината Кривогаштани, во Република Македонија
- https://www.facebook.com/pages/Podvis-Krivoga%C5%A1tani/623546907786564?ref=ts&fref=ts
|