Воѓани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Воѓани
Поглед во Воѓани.jpg

Сретселото

Воѓани is located in Македонија
Воѓани
Местоположба на Воѓани во Македонија
Воѓани на интерактивна карта

Координати 41°17′0″N 21°20′21″E / 41.28333° СГШ; 21.33917° ИГД / 41.28333; 21.33917Координати: 41°17′0″N 21°20′21″E / 41.28333° СГШ; 21.33917° ИГД / 41.28333; 21.33917
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Krivogaštani Municipality.svg Кривогаштани
Област Прилепско Поле
Население 454[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7525
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20011
Надм. вис. 603 м
Слава Свети Никола
Воѓани на општинската карта
Воѓани во Општина Кривогаштани.svg

Атарот на Воѓани во рамките на општината
Commons-logo.svg Воѓани на Ризницата


Воѓани — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Според народната традиција се вели дека името на селото потекнува од легендата дека околу ова место имало вода.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел на Прилепското Поле, а на јужната страна на Општина Кривогаштани, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 603 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 26 километри,[2] додека од општинското средиште Кривогаштани е оддалечено 10 километри. Селото е споено со соседното село Воѓани, но отсекогаш се сметале за посебни села.[3]

Низ селото поминува регионалниот пат 2339, кој ја поврзува Пелагонија со Железник.

Воѓани е рамничарско село, кое е потполно споено со соседното село Бела Црква. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Обршани на исток, Бела Црква на југ, Бучин и Пресил на запад и Крушеани на север. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари. Во селото нема извори.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Самурје, Висои, Сува Река, Плоча, Долно Патче, Бревче, Станково Трло, Чаирски Пат, Браненица, Кара Асаница и Стари Лозја.[3]

Селото има збиен тип, поделено на две маала: Долно и Горно Маало. Некои делови на маалата носат имиња на родовите кои живеат во нив.[3]

Во минатото, Црна Река течела преку Воѓани и Бела Црква во Обршани. Овој крак денес е наречен Сува Река и тој порано се вливал во Блато.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името В-д-н-а-н-и и имало 50 семејства, 5 неженети и 5 вдовици, сите христијани.[4]

Мештаните говорат дека селото најпрвин се наоѓало на месноста Кара Асаница, каде денес има ниви. Месноста е околу половина километар северно од денешното село. Тоа село било напуштено поради чума. По чумата останале три семејства, кои го основале селото на денешното место. Тие три рода се Ермановци, Шијаковци и Здравевци.[3]

Некои мештани говорат дека на месноста Манастириште, источно од селото, некогаш постоел манастир. Материјалот од срушените ѕидови бил употребен за градење на беговските кули, како и при изградбата на црквата. Денес, на месноста има ниви.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мал и зафаќа простор од 4,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 374,9 хектари, на пасиштата отпаѓаат 32,8 хектари, а на шумите отпаѓаат само 0,6 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото постојат продавници и угостителски објекти.[2]

За време на отоманскиот период, во Воѓани имало девет чифлици, од кои шест биле битолски (Шерифов, Малик-пашин, Мамут-агин, Исмет-бегов, Мефаилов, Зеќиров) и по еден прилепски (Чакревски) и врбоечки. По 1912 година, селаните започнале да ја купуваат земјата од чифлиците. Една четвртина од земјата на крај селаните ја добиле со аграрната реформа во 1925 година.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948431—    
1953489+13.5%
1961538+10.0%
1971551+2.4%
ГодинаНас.±%
1981554+0.5%
1991511−7.8%
1994473−7.4%
2002454−4.0%

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 160 жители, христијани Македонци.[5] Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото имало 96 христијани Македонци.[6]

Селото е средно по големина, без некои значително промени во населението. Во 1961 година селото броело 538 жители, а во 1994 година 473 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Воѓани живееле 454 жители, од кои 452 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[1]

{{Пописи|160|96|431|489|538|551|554|511|473|454}

Родови[уреди | уреди извор]

Воѓани е македонско село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се:

  • Староседелски родови: Здравевци (2 к.), Шијаковци (2 к.) и Ермановци (1 к.).
  • Доселеници: Пасковци (12 к.), доселени се од селото Растојца во Железник, таму се доселени од некое место во Албанија; Грашковци (9 к.), доселени се во XIX век од Бабино во Железник, таму имаат истоимени роднини; Чалевци (7 к.), Николовци (6 к.) и Кукевци (1 к.), доселени се во XIX век од Бела Црква, подалечно потекло имаат од Смилево во Железник; Ѓоревци (16 к.), исто така доселени од Бела Црква, таму се викале Танушевци, подалечно потекло имаат од Лесково во Железник; Благодушковци (2 к.), деленици се од родот Ѓоревци; Сидоровци (5 к.), и тие се доселени од селото Бела Црква; Шукуловци (3 к.), доселени се крајот на XIX век од Крушеани, таму биле старинци; Поповци (2 к.), доселени се од Бела Црква таму им биле род Милошевци, а во Бела Црква се доселени од Демирхисарско (Железник); Банковци (1 к.), од Воѓани се преселиле во Крушево, но по некое време се вратиле назад и Консуловци (2 к.), доселени се од градот Крушево (не се Власи).

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Староседелскиот род Торневци се иселиле во Гнеотино и во Битола. Од родот Ермановци има иселеници во Белград (браќата Грозданови). Други иселеници од селото се: Новевци (12 к.), живеат во Подвис, Танушевци (17 к.) и Сидоровци (8 к.), живеат во Бела Црква, Мисковци (11 к.), Пасковци (11 к.) и Козаровци (2 к.), живеат во Обршани. Родот Воѓанци живее во Логоварди.[3]

Населението во Воѓани опаѓа. Една четвртина од жителите се иселени во Австралија, Америка, Германија, Италија, но и во градовите од Македонија: Прилеп, Битола, Скопје, Кичево, Крушево и други места.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Амбуланта
  • Пошта (7525)
  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед на селото во далечина

Во XIX век, Воѓани било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Кривогаштани.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Бела Црква, во која покрај селото Воѓани, се наоѓале и селата Бела Црква, Бучин, Обршани, Пашино Рувци, Пресил и Света. Општината Бела Црква постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1513 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месна канцеларија.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 313 гласачи.[8] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 308 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[10][3]
Цркви[11]
Споменици
  • Споменик во чест на НОБ.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Воѓани

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото работи фудбалскиот клуб „Воѓани“, кој во минатото се викал ФК „Земјоделец“.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 јануари 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 57. Посетено на 5 јануари 2022.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.68
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 166-167.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Локални избори 2021“. Посетено на 5 јануари 2022.
  10. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 291. ISBN 9989-649-28-6.
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  12. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)
  13. „ФК Воѓани“. OLDPRILEP.COM. 2021-01-15. Посетено на 2022-01-05.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]