Логоварди
Логоварди — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Логоварди се наоѓа во Битолското Поле, оддалечено 7 километри источно од градот Битола.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Логоварди живееле 420 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Логоварди имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 Логоварди брои 699 жители, од кои 696 Македонци, 1 Србин и 2 останати:[3]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420[1] | 480[2] | 740 | 902 | 1.079 | 1.156 | 1.272 | 1.051 | 744 | 699 |
Родови[уреди | уреди извор]
Логоварди е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.
- Стари родови со непознато потекло се: Ласковци (6 к.), Ѓоргијовци (5 к.), Шишковци (7 к.), Тикваровци (4 к.), Кежовци (3 к.), Станоовци (1 к.) и Врџовци (1 к.). Последниот род е гранка на Ласковци.
- Родови доселени до 1912 се: Џумковци (13 к.) доселени се од селото Чумово; Ресуловци (6 к.), Коџобашовци (4 к.), Поповци (3 к.) доселени се од селото Рибарци; Беловолновци (3 к.) доселени се од соседното Новаци; Шелеменковци (2 к.) доселени се од Шелеверци; Паламидовци (4 к.) и Мајсторовци (4 к.) доселени се од Црничани; Јадилебовци (3 к.) доселени се од Добрушево; Воѓановци (1 к.) доселени се од Воѓани; Рокановци (2 к.), Дамевци (3 к.) и Чорбевци (1 к.) доселени се од Карамани; Соклевци (2 к.) доселени се од Путурус, во Путурус припаѓале на родот Џековци кои се доселиле во Путурус од некое село во леринско; Чекутковци (2 к.) доселени се од Дедебалци; Спировци (1 к.) доселени се од Трн; Еќимовци (2 к.), Зафировци (3 к.), Ѓешовци (4 к.), Јосковци (2 к.), Шарковци (1 к.), Сугаревци (1 к.), Оџовци (4 к.), Пановци (2 к.), Колевци (1 к.), Базгало (1 к.), Писовци (4 к.), Коларовци (1 к.), Калешковци (1 к.), Калпаковци (3 к.), Бабаџовци (3 к.) Љанговци (3 к.) и Преспаковци (1 к.) за сите овие родови старината е непозната.
- Родови доселени помеѓу двете светски војни: Данаиловци (4 к.), Поповци (1 к.), Николовци (1 к.), Василевци (1 к.), Дуковци (1 к.) и Димовци (1 к.) доселени се од селото Мренога во Железник; Тајшија (1 к.), Китановци (1 к.) и Љупевци (1 к.) доселени се од охридското село Скребатно; Доленчанци (1 к.) доселени се од селото Доленци во Железник; Вардинци (1 к.) доселени се од селото Вардино во Железник; Анаќијевци (1 к.) и Апостоловци (1 к.) доселени се во 1943 од селото Мраморец во Дебрца, таму припаѓале на родовите Перовци и Пејчиновци.[5] Козичанци (1 к.) доселени се од кичевското село Козичино; Беличанци (1 к.) доселени се од селото Белица во Копачка.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Аеродром Логоварди — спортски и поранешен патнички аеродром (пред Вт. светска војна)
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 137 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 558 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[9]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - главната селска црква;
- Археолошки наоѓалишта
- Бресје — населба од неолитско време;[10]
- Дабички Пат — населба и некропола од римско време;[6]
- Мала Тумба — населба од неолитско време;[10]
- Голема Тумба — населба од брозено време;[10]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Благоја Попоски (р. 1952) - македонски и австралиски поет;[11]
- Вангел Стефановски (р. 1950) - универзитетски професор и агроном;[12]
- Ѓорѓи Котевски (1950 - 2001) - пратеник во Македонското Собрание од 1991 до 1994 и од 1999 до 2001;[13][14]
- Иван Димов - Јон Пашата (1878 - 1907) - македонски револуционер;[15]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Дебарца. Ману фонд “архив на Бранислав Русиќ„.
- ↑ 6,0 6,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 стр. 175-176
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ ВО СИДНЕЈ – СЕ ВРАТИ БЛАГОЈА ПОПОВСКИ
- ↑ проф. д-р Вангел Стефановски
- ↑ ПОСЛЕДЕН СОСТАВ 1991-1994: Ѓорѓи Котевски
- ↑ СОСТАВ 1998-2002
- ↑ Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 94.