Барешани

Барешани — село во Општина Битола, во областа Пелагонија, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа јужно од Битола, во близина на границата со Грција, сместено во областа Пелагонија.
Атарот на селото Барешани граничи со атарите на следните села: од југ со Канино, од север со Олевени, од исток со Жабени, и од запад со Злокуќани.
Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Прогон, Азмак, Мало патче, Кушинец, Крушичко, Десково, Селиште, Спас, Думаноец, Липи, итн.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Најстариот помен за Барешани потекнува од првата половина на XVII век..[1] И според народното предание се смета дека Барешани е старо село во битолскиот крај. Кон крајот на турското ропство плодната земја од ова село припаѓала на чифликсајбиите Асан Афтар и Емин-ага од Битола, а жителите биле сопственици на мал број неплодни ниви.[1]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Во селото од памти векови се обработувала земјата за домашните потреби како и сточарството во помали размери Најголемиот дел од жителите се староседелци све до половината на шеесетите години кога во селото се доселуваат фамилии од Онридско(Лакајца) како и од мариовските села купувајќи имоти од луѓето ко го напуштиле селото со емиграција во странство како и во град Денес земјоделието е многу понапредно и е доведено до степен луѓето да можат и да произведуваат производи за пазарот по готово овоштарници и зеленчук За жал многу куќи останаа празни и изурнати а во нашите срца далеку од таму останаа едни убави спомени кој се неровратливи и како сенки не следат
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Барешани живееле 360 жители, сие Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Барешани имало 360 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 селото брои 205 жители, од кои 204 Македонци и 1 останат.[4]
На табелата е прикажан бројот на населението низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 360[2] | 360[3] | 516 | 520 | 498 | 451 | 303 | 436 | 212 | 205 |
Родови[уреди | уреди извор]
Барешани е чисто македонско православно село, во кое живее староседелско и доселеничко население.
Родови во селото Барешани се:
- Староседелци: Толевци се смета се сродство со МирчевциТрајковци (10 к.), Мирчевци (8 к.), Тунузовци (6 к.), Љатовци (4 к.), Огњановци (2 к.) и Јовчевци (1 к.) за Трајковци и Јовчевци се мисли дека се деленици од родот Мирчевци.
- Доселеници: Чешковци (9 к.), Ќирговци (4 к.), Илковци (4 к.), Лукаревци (4 к.), Туфековци (3 к.), Рендевци (2 к.), Тасевци (2 к.), Чалевци (2 к.), Коњовци (2 к.), Чинга (1 к.), Јуруковци (1 к.), Размовци (4 к.), Славковци (3 к.), Павлевци (3 к.), Карафиловци (1 к.), Веловци (7 к.), Зердевци (1 к.), Чучуковци (1 к.), Бендеревци (1 к.) и Бојчевци (1 к.). Родот Бојчевци потекнува од домазет, родовите Лукаревци и Чешковци некогаш биле еден род, и родовите Размовци, Славковци, Павлевци и Карафиловци потекнуваат од ист предок. Сите овие родови се доселенички со непозната старина; Прчевци (6 к.) потекнуваат од браќата Митре и Тодор, кои се доселиле од селото Породин, во Породин биле староседелци.[1]
== Општествени установи ==основно училиште
Народен дом
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 153 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на спортско бифе.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 151 гласач.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[8]
- Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Меркуриј“ - главната манастриска црква на Барешанскиот манастир, изграден во 1836 година;
- Црква „Св. Варвара“ - историска црква. Видливи се само темелите;
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Отажна Маала — населба од римско и доцноантичко време;
- Селиште — населба и некропола од хеленистичко, римско време и среден век;
- Слатина — населба од римско време;
- Тумба — населба од бронзено време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Васил Николов - Саатчијата - курир и терорист на ВМРО;[10]
- Крсто - четник на ВМРО, загинал во 1902 година во Попадија;[11]
- Пандо Стојчевски (1922-1944) - партизан, учесник во НОВ;
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Постари иселеници има во селата Бистрица, таму е родот Мирчевци (2 к.). Трпковци (4 к.), Пујовци (3 к.), Тодоровци (3 к.), Димовци (2 к.) и Шамалевци (1 к.) иселени се во Олевени. Иселеници после Втората светска војна има на многу места, пред сè Битола и Австралија, каде што се иселува најчесто населението од Битолските села.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 209.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Спомени на Георги Попхристов
- ↑ Герджиков, Михаил. Спомени, документи, материали, Издателство „Наука и изкуство“, София, 1984, стр. 405.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Барешани на Ризницата ?
- Репортажа за Барешани