Селиште (Барешани)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Селиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Барешани. Претставува населба и некропола од хеленистичко и римско време и од средниот век. Се наоѓа на 1 км западно од селото, на падините на планината Баба, каде се среќаваат остатоци од населба (фрагменти од керамички садови и градежен материјал), а по површината има и камени плочи од гробни конструкции. Видливи се темели од средновековна црква која, според кажувањето на жителите, била посветена на „Св. Варвара“. Најдени се и бронзени монети.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Отажна Маала — населба од римско и доцноантичко време;
- Слатина — населба од римско време;
- Тумба — населба од бронзено време;
- Барешани
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Барешани
- Археолошки наоѓалишта во Општина Битола
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Битолско