Тумба (Канино)
Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Канино. Претставува населба од бронзено време. Се наоѓа на околу 2,5 км источно од селото и на околу 500 м од патот Битола-Породин-Драгош во нивите северно од Породин. Претставува височинка издолжена во основата, со димензии од 200 × 160 м и височина од 0,50 во западниот до 3,00 м во источниот дел. Со обработувањето на земјата горните слоеви се оштетени. Во 1972 година Заводот и музеј од Битола извршил заштитно ископување. Во културниот слој дебел 3 м се утврдени неколку фази на живеење од средното бронзено време, проследени со многубројни керамички садови и други археолошки предмети. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Мечкарец — наоѓалиште од непознат тип и период[2];
- Кули — наоѓалиште од непознат тип и период[2];
- Канино;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 2,0 2,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
|