Метимир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Метимир
Метимир во рамките на Македонија
Метимир
Местоположба на Метимир во Македонија
Метимир на карта

Карта

Координати 41°8′18″N 21°8′41″E / 41.13833° СГШ; 21.14472° ИГД / 41.13833; 21.14472Координати: 41°8′18″N 21°8′41″E / 41.13833° СГШ; 21.14472° ИГД / 41.13833; 21.14472
Општина Битола
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02078
Надм. вис. 769 м
Метимир на општинската карта

Атарот на Метимир во рамките на општината
Метимир на Ризницата

Метимир — целосно раселено село во областа Ѓават-Кол, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, на истчните падини на Бигла, оддалечено 30 километри североисточно од Битола.

Етимологија[уреди | уреди извор]

По кажувањето на мештаните од село Метимир, името на селото различно се објаснува. Името има чист македонски карактер. Кај поголемиот дел од населението, поготово кај постарите може да се чуе следната легенда за потеклото на името на селото: "Селото уште во својот најстар период го сочинувале шест до осум куќи - колиби. Сите жители биле од еден род, една крв. Помеѓу нив владеела братска љубов; за сите спорови и несогласувања се решавало на најдобар начин за сите - родбински. Бидејќи целото нивно внимание било свртено на подобрување на нивниот економски живот, тие имале сè што им било потребно за живот. Уште повеќе, по својата географска положба селото било оддалечено од сите патишта, па така било поштедено од секакви зулуми и грабежи. Бидејќи во селото сè било како во мед и во мир му го дале името Метимир. Директното толкување на зборот Метимир значи: "имаат мед и млеко", кое што по пат на разни трансформации се престорило во Метимир".

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува како Метомир во XV век со 22 глави на домаќинства.[2] Исто така, селото е споменато како Матимар и во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Манастир од 1611-1612 година со 14 домаќинства.[3]

Според етнографските изпитувања на селото во 50тите години на XX век, кај целото население имало сеќавања дека порано во оваа област често доаѓале ограбувачи Арнаути. Во првата половина на XIX век селото било нападнато од околу 400 отпадници Арнаути од Дебарско. Тие прво ги ограбиле домовите, го изгореле селото и убиле голем број Македонци. За тоа сведочат и самите топографски имиња околу селото како Ѓорев Гроб или Ѓинев Рид. При палење на Метимир, според селаните, дури и виното што се чувало во визбите потекло како река по целиот пат дури до Шемница. После тоа селото повторно било обновени од тројца преживеани Македонци.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948184—    
1953194+5.4%
1961143−26.3%
1971128−10.5%
198187−32.0%
ГодинаНас.±%
199114−83.9%
199414+0.0%
200210−28.6%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Метимир живееле 100 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Метимир имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, селото Метимир има 10 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 160 184 194 143 128 87 14 14 10 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Метимир е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци: Николовци (6 куќи), Љаљовци (6 куќи), Ничовци (5 куќи), Доневци (4 куќи), Јолевци (3 куќи), Трпковци (2 куќи), Гулевци (2 куќи), Лозановци (1 куќа) и Лозевци (1 куќа) потекнуваат од тројцата сточари кои го обновиле селото после распаѓањето на старото село.[13]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 210 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница на селото Лера.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 108 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[16]
Археолошки наоѓалишта[17]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1951 година од селото имало иселеници во Битола (4 семејства), Романија (2 семејства), САД (3 семејства), Канада (1 семејство), Русија (1 семејство) и во Бугарија (3 семејства).[18]

Иселеништвото продолжило и потоа и водело кон Битола, САД, Канада, Австралија.[19]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  3. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 181.
  4. Trifunoski, Jovan F -Ispitivanja u Bitoljsko-prilepskoj kotlini, Jugoslavenska akademija znanosti i umjetnosti, 1967
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 174-175.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  18. . Русиќ, Бранислав. Цапарско Поле. Архивски фонд на МАНУ, к-4, AE 94/16. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  19. Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-07-30. Посетено на 2021-07-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]