Дихово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дихово
Dihovo, village.JPG

Куќа во Дихово

Дихово се наоѓа во Republic of Macedonia
Дихово
Местоположба на Дихово во Македонија
Координати 41°03′03″ СГШ 21°15′50″ ИГД / 
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Bitola Municipality.svg Битола
Област Пелагонија
Население 310 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 779 м

Дихово (Диово) — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Дихово се наоѓа под падините на планината Баба, по патот за село Нижеполе. Распослано е од десната страна на реката Драгор, во самото подножје на масивот. Селото се издига 50 метри над Битола и дава величествен поглед на градот, Пелагонија и на врвот Пелистер.

Историja[уреди | уреди извор]

Дихово за време на Првата светска војна

Од ХVІ доо ХVІІІ век кај Дихово работел манастир, за кој се смета дека е срушен некаде по 1785 г.[1]

Во 1883 г. во Дихово се развило машинското производство на текстил и шајак за потребите на отоманската војска. Со намера да се задоволи зголемената побарувачка, трговци и индустријалци, на чело со битолскиот Влав Бого Анести вложиле капитал и од Самоков довеле плетачни машини, со кои се произведувало до 50 тони гајтан годишно, од кои дел се извезувале во Србија. Според Јован Хаџивасилевиќ, кој го посетил селото во 1897 г., во Дихово имало четири фабрики — три на вода и една на парен погон. Парната фабрика била во средселото. Во фабриките се произведувало шајак, ќилими и гајтан, и имале 250-300 вработени, вклучувајќи жени и деца. Повеќето биле Власи, кои биле од други места. Самите диховчани се занимавале со земјоделство и печалбарство.[2][3]

Во ХІХ и на почетокот на ХХ век Дихово било село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Диово или Дихово имало 460 жители, од кои 200 Македонци христијани[4] и 260 Арнаути муслимани.[5]

Во овој период селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дихово имало 560 Македонци под врховенството на патријаршијата и во селото работело грчко училиште[4].[6].

Според кажувањата на жителите, селото имало две маала — Горно, каде населението било под патријаршијата и ја посетувало црквата „Св. Димитриј“ и Долно, чие население било под егзархијата, и ја посетувало црквата „Св. Недела“.

Во Првата светска војна низ селото поминувала француска линија на фронтот.

Стопанство[уреди | уреди извор]

„Вила Дихово“ со лозова одрина пред влезот.

Денес во Дихово работи хотел и две кафеани — „Кооперација“ и „Кај оревот“, како и отворен базен и ресторан во текот на летниот период. Има сместувачки капацитети за селски туризам, меѓу кои е и „Вила Дихово“.

Дихово уште е познато и по големата живинарска фарма „Црвени петли“ која се наоѓа на влезот од селото.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, селото Дихово брои 310 жители, од кои:

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 460 560 634 686 686 701 644 417 356 310
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Икона од црквата „Св. Димитриј“.

Голем број на традиционални куќи, постари од 150 години. Низ селото поминува реката Драгор. Во близина на селото по течението на реката се преубавите сопови (вирови). Дихово е познато како главно прибежиште на битолчани за време на пеколните летни денови. Свежиот пелистерски воздух, убавите ливади како и базенот кој постои во селото, го прават Дихово главно место за одмор, уживање и разладување на битолчани.

Цркви[10]
Археолошки наоѓалишта[11]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Дихово, како и останатите места во околината, е познато по масовните иселувања во текот на минатиот век во Западна Европа, Австралија, САД и Канада.

Голем дел од иселениците денеска се имаат вратено во Дихово и своите заштеди ги вложуваат во месното стопанство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гергова, Иванка. Поменици от Македония в български сбирки, София 2006, с. 56, 64.
  2. Паларе, Майкъл. Балканските икономики 1800 - 1914: Еволюция без развитие, София 2005, с. 366-367.
  3. Хаџи-Васиљевић, Јован. Град Битољ, Браство, Књига ХІV, Београд 1911, с . 253.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]