Живина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Патки меѓу друга живина

Живина — класа на домашни птици кои се исползуваат како храна или за нивните јајца. Овие се членови на редот кокошолики (како кокошките и мисирките), и гусколиките (водни птици како патките и гуските).

Видови на живина[уреди | уреди извор]

Птица Исхрана Див предок Припитомување Употреба
кокошка семиња, инсекти, растенија дива кокошка Кина, ц. 3000 п.н.е. месо, јајца
патка семиња, инсекти, растенија разни разни месо, пердуви, јајца
гуска семиња, инсекти, растенија разни разни месо, пердуви, јајца


ној инсекти, растенија, семиња див ној Африка месо, пердуви, работна сила
мисирка семиња, инсекти, растенија дива мисирка Мексико месо

Исечоци од живината[уреди | уреди извор]

Разни исечоци од кокошка

Најмеснатите делови на птицата се мускулите за летање на градите, исто така наречени гради, и мускулите за одење од првите два дела од нозете, наречени добатак и батак.

Кај кокошките, мускулите за летање, кои не се приспособени на постојана употреба, содржат помалку кислородоносен миоглобин отколку ножните мускули, и затоа се посветли по боја. Имено ова е разликата помеѓу „бело месо“ и „темно месо“. Водните птици се прилагодени за постојан лет, и затоа нивното градно месо е темно.

Живината во Македонија[уреди | уреди извор]

Живинарството е значајна сточарска гранка во Македонија. Во 2014 г. во земјата имало вкупно 1.939.879 единки. Еве преглед на бројната состојба на живината во Македонија во периодот од 2000 до 2014 г.[1]

Бројност на живината во Македонија од 2000 до 2014 г.
Година 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006
Единки 3.713.369 2.749.637 2.900.966 2.417.362 2.725.298 2.617.012 2.585.327
Година 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Единки 2.263.894 2.226.055 2.117.889 1.994.852 1.944.260 1.776.297 2.201.550 1.939.879

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]