Свиниште
Свиниште | |
![]() Стрежевско Езеро изградено во атарот на селото Свиниште, поради кое селото повеќе не постои | |
Координати 41°8′20″N 21°9′29″E / 41.13889° СГШ; 21.15806° ИГДКоординати: 41°8′20″N 21°9′29″E / 41.13889° СГШ; 21.15806° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Ѓават-Кол |
Население | 0[1] жит. (поп. 2002) |
Повик. бр. | 045 |
Надм. вис. | 720 м |
![]() |
Свиниште — раселено село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола. По потопувањето на атарот на селото со Стрежевското Езеро во 1980-тите години, единствен остаток од некогашното село е главната селска црква.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 720 метри.[2]
Атарот зафаќал површина од 4,2 км2, кој сега е потопен со Стрежевското Езеро.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
За прв пат, селото се споменува во турскиот опширен пописен дефтер во 1519 година, кога е запишано како Свиништа.[2]
Во XIX век, Свиниште било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Свињиштани биле добри ловџии, вредни дрводелци, мајстори, умееле да градат куќи и биле добри сточари и обработувачи на млеко и волна.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Свиниште имало 85 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свиниште имало 96 жители.[4]
Селото имало најголем број на жители во 1953 година - 235. По 1980 година селото е целосно раселено. На сите 150-тина свињиштани, односно на околу 40 домаќинства, на кои им биле одземени имотите поради градење на браната на ХС „Стрежево“, им биле изградени куќи во битолската Брусничка населба.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Свиниште немало жители.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 85 | 96 | 235 | 235 | 218 | 164 | 139 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови[уреди | уреди извор]
Свиниште е македонско православно село.
Родови во Свиниште се: Петревци (18 к.), Ѓорчевци (3 к.), Кочовци (2 к.) и Ѓолевци (2 к.). Првите два рода потекнуваат од ист предок, овие четири рода се стари доселеници со непозната старина; Цветковци (2 к.), доселени се од селото Обедник, Железник, кое во 1912 година е затекнато како албанско село; Наумчевци (5 к.), дојдени се во турско време исто така од селото Обедник; Котевци (3 к.), доселени се во турско време од селото Стрежево каде биле староседелци; Танчевци (3 к.), доселени се после 1918 година од селото Боиште, Железник.[8]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Црноец, во која влегувале селата Габаловци, Метимир, Лопатица, Облаково, Стрежево, Свиниште и Црноец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лопатица, во која покрај селото Свиниште се наоѓале селата Габаловци, Загориче, Лисолај, Лопатица, Метимир, Облаково, Секирали, Стрежево, Утово и Црновец.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 0205 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Кажани, Стрежево и Свиниште, кое е сместено во шумарската куќа во Кажани.[9]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 79 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[11]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од Свиниште над 200 лица има раселено во САД, Канада, Австралија и низ европските држави.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 2 декември 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Свиниште“. Мој Роден Крај. конс. 2 декември 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. конс. 2 декември 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. конс. 2 декември 2017.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.