Лисолај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лисолај
Лисолај во рамките на Македонија
Лисолај
Местоположба на Лисолај во Македонија
Лисолај на интерактивна карта

Карта

Координати 41°8′54″N 21°18′7″E / 41.14833° СГШ; 21.30194° ИГД / 41.14833; 21.30194Координати: 41°8′54″N 21°18′7″E / 41.14833° СГШ; 21.30194° ИГД / 41.14833; 21.30194
Општина Битола
Население 163 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02070
Надм. вис. 746 м
Лисолај на општинската карта
Лисолај во Општина Битола.svg

Атарот на Лисолај во рамките на општината
Commons-logo.svg Лисолај на Ризницата


Лисолај — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Српски извештај за колежот во село Лисолај од страна на една грчка чета како освета што населението преминало во „егзархиско“. (Битола, 4 јуни 1906)

Лисолај припаѓа на таканаречениот Пелагониски Регион, во географската област Пелагонија и подножјето на планината Древеник, на 17 километри северно од градот Битола. Селото е ридско, на надморска височина од 746 метри. На сретсело се наоѓа основното училиште кое го носи името на познатиот војвода од овој крај Александар Турунџев. Над самата населба е црквата Св. Петка која е од XIX век и е типичен пример на македонското црковно градителство од тој период. Во селото се живее од земјоделство и сточарство. Лисолај надалеку е познатo по најубавото грозје од овој регион.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948582—    
1953611+5.0%
1961679+11.1%
1971563−17.1%
1981551−2.1%
ГодинаНас.±%
1991304−44.8%
1994276−9.2%
2002225−18.5%
2021163−27.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лисолај живееле 340 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лисолај имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Лисолај брои 225 жители[4], од кои 224 се Македонци и еден е вброен во останатите националности.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 163 жители, од кои 153 Македонци и 10 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 340 300 582 611 679 563 551 304 276 225 163
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Лисолај е македонско село.

Родови во селото се:

  • Доселеници: Ѓуровци (3 куќи) најстар род во селото, доселени се од селото Древеник; Миленковци (6 куќи), Марковци (5 куќи), Димовци (4 куќи), Поповци (4 куќи), Стојчевци (4 куќи), Кочанковци (4 куќи), Петревци (3 куќи), Димитриовци (3 куќи), Василиновци (3 куќи), Огњановци (3 куќи), Јанкуловци (1 куќа), Матовци (1 куќа), Мојановци (3 куќи), Чурлиновци (3 куќи), Јоановци (2 куќи), Кочовци (2 куќи), Јовчевци (14 куќи), Богатиновци (3 куќи), Ацковци (4 куќи), Стојановци (4 куќи) и Наумчевци (6 куќи). Сите овие родови се доселени со непозната старина.[10]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 204 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[13]
Археолошки наоѓалишта

Во селото Лисолај има „стапки“ од коњот на народниот херој Крали Марко.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во Лисолај има 2 фудбалски тима ф.к.Лисолај и ф.к.Лисолај 2010 подобро рангиран е ф.к.Лисолај 2010 кој 2 пати со ред играше регионално финале од општинските лиги.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  4. Попис 2002 http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  11. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  16. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 66.
  17. Николов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.47
  18. Миле Секуловски, Z31JY најстар радиоаматер во Македонија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]