Рамна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рамна
Велоекспедиција Ѓават-Кол 15.jpg

Традиционална староградска архитектура во селото

Рамна is located in Македонија
Рамна
Местоположба на Рамна во Македонија
Координати 41°5′23″N 21°11′8″E / 41.08972° СГШ; 21.18556° ИГД / 41.08972; 21.18556Координати: 41°5′23″N 21°11′8″E / 41.08972° СГШ; 21.18556° ИГД / 41.08972; 21.18556
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Bitola Municipality.svg Битола
Област Ѓават-Кол
Население 61[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7314
Повик. бр. 045
Надм. вис. 820 м
Commons-logo.svg Рамна на Ризницата


Рамна — село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Срушени куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола, од десната страна на реката Шемница.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 820 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 17 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 7,3 км2. На него обработливото земјиште зазема простор од 310 хектари, на пасиштата отпаѓаат 267 хектари, а на шумите 112 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Рамна било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рамна имало 440 жители, од кои 210 Македонци христијани и 230 Албанци муслимани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рамна имало 486 жители.[4]

Селото е мало, коешто во 1961 година имало 299 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 86 жители, од кои 79 се Македонци и 6 Албанци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Рамна имало 61 жител, од кои 53 Македонци, 7 Албанци и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 440 486 310 325 299 285 256 109 86 61
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Рамна е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Староседелски родови во селото се: Јосифовци (12 к.), Лазаровци (5 к.), Савевци (5 к.), Митревци (4 к.), Димовци (3 к.), Ѓерасимовци (2 к.) и Филиповци (2 к.).

Доселенички родови се: Лозановци (4 к.) доселени се од околината на Ѓирокастро во Албанија, ја знаат следната генеологија Стеван (жив на 72 год. во 1951 година) Неделко-Анаќија-Лозан кој се доселил со своите 5 синови. Од Ѓирокастро избегале од крв. Кога бил жив Неделко во Рамна се населиле Албанци муслимани; Базјаловци (7 к.) родот го основал Коте кој се доселил од селото Стрежево; Настевци (2 к.) имаат исто потекло како и Базјаловци; Карапетковци (4 к.) доселени се во турско време од Ѓавато; Чашунковци (1 к.) доселени се од селото Загориче, Железник; Анчевци (2 к.) и Ќуљумој (2 к.) однекаде се доселени пред 1912 година.

Албанци: Бесимовци (2 к.) доселени се во XIX век од некое место во Јужна Албанија.[8]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Задружниот дом на кој е закачена табла за народните херои од селото
Фреска на „Св. Кирил и Методиј“ во селската црква

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Цапари, во која влегувале селата Рамна, Ротино, Српци и Цапари.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Рамна се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Ротино, Српци и Цапари.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0209 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 29 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[11]
Цркви[12]

Личности[уреди | уреди извор]

Партизани[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 25 ноември 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 253. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 25 ноември 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  8. 8,0 8,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  9. "Описи на ИМ". конс. 25 ноември 2017. 
  10. "Локални избори 2017". конс. 25 ноември 2017. 
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  13. Настани 1945 година. Сојуз на борци од НОАВМ - Битола. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]