Прејди на содржината

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Рамна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоРесенско
ПарохијаПрва ресенска
Местоположба

Карта

Координати41°5′39″N 21°11′25.6″E / 41.09417°N 21.190444°E / 41.09417; 21.190444
МестоРамна
ОпштинаБитола
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Ѓорѓи
ИзградбаXIX век
Живопис1861
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабен
Стилпреродбенички

Свети Ѓорѓи“ — главна селска црква во битолското село Рамна, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во малото Горно Маало на селото, каде некогаш се наоѓало старото село. До нејзе води тесен земјен пат од денешното село.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1861 година.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Претставува трикорабен храм со затворени припрати (тремови) на две страни (запад и југ).[2]

Состојбата на градбата на црквата е многу лоша, при што се забележува отклонување на фасадни ѕидови и прокиснување.[2]

На црквата била извршена одредена реконструкција во 2005 година кога биле изведени тремови за прв пат и бил променет покривот.[2]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Црквата е живописана во 1861 година,[3] иако во нејзе продолжило да се работи и кон крајот на XIX век.[2]

Живописот се наоѓа во многу лоша состојба, присутни се оштетувања од пукнатини и протекувања, соли и потребно е да се изврши конзервација и реставрација во пократок временски период.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 3 4 5 6 7 „Св. Ѓорѓи“. monitoring.icomos.org.mk. Посетено на 2026-05-17.
  3. ↑ Митревски, Никола (2011). „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Св. Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Патримониум.мк. 4 (9): 292.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]