Бистрица (Битолско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бистрица
Бистрица is located in Македонија
Бистрица
Местоположба на Бистрица во Македонија
Координати 40°58′44″N 21°21′54″E / 40.97889° СГШ; 21.36500° ИГД / 40.97889; 21.36500Координати: 40°58′44″N 21°21′54″E / 40.97889° СГШ; 21.36500° ИГД / 40.97889; 21.36500
Општина Битола
Население 1015 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7221
Надм. вис. 586-680 м
Бистрица на општинската карта
Бистрица во Општина Битола.svg

Атарот на Бистрица во рамките на општината

Бистрица — село во Општина Битола, во околината на градот Битола. До 2004 година селото беше седиште на истоимената општина.

Грб на поранешната Општина Бистрица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата од Битола е оддалечена 5 км, се наоѓа на регионалниот пат Битола-Драгош или Р508 кој води се до граничниот премин, каде Р Македонија граничи со Грција (Леринско). Населбата има географски координати 40˚ 52’СГШ и 21˚ 30’ ИГД. Катастарската површина на селската населба изнесува 570,33 ха и се наоѓа на надморска висина од 585-990 метри. Околу две третини од селскиот атар е во полето или 419,0 ха на надморска височина од 586-680 метри кое претставува земјоделско земјиште и една третина пасишта 98,4 ха, шуми 2,1 хаи неплодно земјиште.[1]

Поголемиот дел селото Бистрица е рамничарски, бидејќи се наоѓа во котлината Пелагонија. Бистрица во долниот дел е на надморска нисочина од 586 метри додека во горниот дел е 680 метри.

Атарот на селото Бистрица граничи со атарите на следните села: Крстоар и Кравари од север, Оптичари од исток, Злокуќани од запад, и Олевени од југ.

Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Кула, Стара црква, Сува река, Бендолица, Грмаѓе, Тумба, Калдрма, Бразда, Слатина, итн. Селото се дели на три маала, Долна, Средна и Горна.[2]

Историja[уреди | уреди извор]

Според кажувањата се вели дека населбата своето име го добива по бистрата и чиста река. Таа претставува стара населба. Од сочуваните документи се забележува дека истата се среќава уште во 1468 год, во Големиот пописен турски дефтер, во неа живееле 90 семејства и би броела од 470-570 жители. Македонското население и од Бистрица било принудено да бара заем за покривање на своите долгови кои доаѓале поради разните давачки што ги собирала османлиската власт. Давачките биле многубројни и разновидни. Задолжувањето на жителите кај приватни лица или „вакав“ продолжило и во наредните години. Долговите се плаќале со голема лихва што се одразувало на нивниот живот. Во 1640г. поради ненавремено враќање на долгот, еден жител по име Димо бил затворен, а познатиот Бендо Али со својата чета го нападнал затворот и го ослободил. Во 1713г. веќе се споменуваат и чифлизи кај Бистрица и тоа неколку такви, сите во сопственост на муслимани, што зборува дека пропаѓањето на селаните и во ова село е евидентно.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Покрај овоштарството, застапени се житните и градинарските култури, а помалку се застапени индустриските култури. Со овоштарство се занимаваат 77% од населението, со полјоделство 20%, а најмалку со 3% е застапено сточарството. Нема индустрија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во втората половина на XV век брои 90 семејства кои се проценува дека имале 470-570 жители, со олкав број во времето била голема населба. Во втората половина на XVI век имала 50 семејства и би броела 294-345 жители, од нив и едно муслиманско семејство. Со преминот од тимаро-спахискиот во чифлигарски систем во Турската Империја бројот на жителите се намалува.

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Бистрица живееле 245 жители, сите Македонци.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бистрица имало 256 Македонци егзархисти.[4]

Кон крајот на XIX и почетокот на XX век се намалува населението, по Балканските војни во 1914 год. населбата имала 28 домаќинства со 107 жители. Бројот на населението од 1948 год. кога има 565 жители постојано расте сè до 1981 год. кога е најголем 1140 жители, во 1994 година се намалува на 988 жители, додека во 2002 година незначително се зголемува на 1015 жители. Според пописот од 2002 селото брои 1.015 жители од кои:[5]

Националност Вкупно
Македонци 949
Албанци 55
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 8
Бошњаци 0
останати 3

Родови[уреди | уреди извор]

Бистрица е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, а првиот род дошол почетокот на XIX век.

Родови во селото се:

  • Доселеници: Кузевци (5 к.) доселени се во првата половина на 19ти век од селото Врањевци. Таму биле староседелци. Во турско време нивната задруга чувала околу 400 овци, и поголем број на биволи; Шмаќе (1 к.) доселени се од селото Крушеани во прилепско. Основачот на родот дошол како домазет во Кузевци; Жабјанци (2 к.) по потекло се од селото Врањевци. Таму биле староседелци. Од Врањевци се иселиле во Жабјани, а потоа некој предок прешол во Бистрица; Каракотевци (1 к.) доселени се од селото Орехово; Парчевци (4 к.) доселени се од селото Кравари, каде исто така биле доселени однекаде; Шалевци (1 к.) доселени се од селото Ивањевци; Којовски (2 к.) доселени се од селото Буково; Вашаревци (1 к.) доселени се од селото Вашарејца; Милевци (1 к.) доселени се од селото Кривогаштани во прилепско; Павловци (5 к.) доселени се од селото Љубојно во Преспа; Кечевци (7 к.), Кавалиновци (4 к.), Лажиовци (4 к.), Ѓупаревци (4 к.), Самарковци (3 к.), Келемузевци (2 к.), Кајчиновци (2 к.), Ташковчиња (1 к.), Пангаловци (1 к.), Огњевци (1 к.) и Талевци (1 к.) за овие родови местото од каде се доселиле е непознато; Николовци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Герман во егејскиот дел од Преспа; Ристевци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Неред во леринско; Фотевци (2 к.) доселени се во 1919 година од селото Герман во егејскиот дел од Преспа; Герговци (2 к.) доселени се во 1920 година од селото Наколец во Преспа; Бошевци (1 к.) доселени се во 1920 година од Битола; Поповци (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Љубојно во Преспа; Новаковци (1 к.) доселени се во 1921 година од селото Арменско во леринско; Чолаковци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Љубојно во Преспа; Гаштевци (2 к.) доселени се во 1922 година од селото Котори во леринско; Видановци (2 к.) доселени се во 1922 година од селото Крстоар. Таму имале истоимени роднини, подалечно потекло од Преспа; Караивановци (2 к.) доселени се во 1922 година од селото Крстоар; Мавнивиловци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Љубојно во Преспа; Трајковци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Дреновени во костурско; Мирчевци (2 к.) доселени се во 1923 година од селото Барешани, таму биле староседелци. И имале истоимени роднини; Грујевци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Крстоар; Генчовци (1 к.) и Филевци (4 к.) доселени се во 1926 година од селото Поздивишта во костурско; Николовци (3 к.) доселени се во 1928 година од селото Герман во егејскиот дел од Преспа; Сидеровци (3 к.) доселени се во 1928 година од селото Кономлади во костурско; Чанчуковци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Крстоар. Таму биле староседелци, и имале роднини; Митовци (1 к.) доселени се во 1932 година од селото Пополжани во леринско; Бошевци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Српци; Пашкини (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Брезница во костурско; Маневци (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Војница во велешко; Трајковци (2 к.) доселени се во 1946 година од селото Опеница во охридско; Ѓераловци (1 к.) доселени се од селото Буково.[6]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Од 1996год. со новата територијална поделба на државата, Бистрица доби статус на седиште на општина. Во нејзин склоп вкупно беа 19 селски населби: Бистрица, Крстоар, Олевени, Барешани, Канино, Велушина, Граешница, Драгош, Кишава, Острец, Злокуќани, Кравари, Жабени, Породин, Лажец, Оптичари, Егри, Меџитлија и Кременица. Во дел од нив (во планинскиот и граничниот појас) живее албанско население. Општината Бистрица се простираше на крајниот југ од Р. Македонија и непосредно се граничеше со Р. Грција, со вкупна површина од 23.100 км² а бројот на жители изнесуваше (ДЗС:Попис на населението…2002): 5779 жители. Ден на општината беше 25 декември, и истата опстојуваше осум години т.е сè до 2005 г кога со новата територијална поделба на општините, беше припоена кон општина Битола

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 149 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 755 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[9]
Археолошки наоѓалишта[10]

Споменик во чест на загинатите борци во НОБ поставен 1971г.Чешма во спомен на Крстин Чулаковски, над селото постои и бункер кој служел за воени дејствија.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Образование[уреди | уреди извор]

Во учебната 1960/61година се отвара осумгодишно основно училиште, кое го носи името “Крсте Петков Мисирков”. Во училиштето учат околу 270 деца, од кои најголем дел доаѓаат од соседните села со организиран автобуски превоз. Во склоп на училиштето има и училишна библиотека со книжен фонд од преку 6000 книги. Исто така има терени за кошарка, одбојка и ракомет, но тие се во дворот на училиштето, недостига сала за физичка култура. Новата училишна зграда беше изградена 2000год.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Има доста иселеници во: Австралија, Америка, Шведска, Австрија, Италија и уште во многу други земји. Исто така многу луѓе емигрирале во Битола, како голем административен центар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I ed.). Скопје: Патрија. p. 26<. ISBN 9989-862-00-1.
  2. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: Српска академија наука и уметности. pp. 215-216-217.
  3. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 236.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Trifunoski, Jovan F., 1914-1997. (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 86-7025-267-8. OCLC 469501519.CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  7. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  8. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (ed.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]