Брезница (Костурско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Брезница
Κώτας
Сретселото за време на Првата светска војна
Сретселото за време на Првата светска војна
Брезница се наоѓа во Грција
Брезница
Координати: 40°40′ СГШ 21°08′ ИГД / 
Земја Грција
Област Западна Македонија
Округ Лерин
Општина Преспа
Општ. единица Смрдеш
Надм. вис. 880 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно 23
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)

Брезница (грчки: Βατοχώρι, Ватохори; до 1927 г. Μπρέσνιτσα, Μπρενίτσα, Бресница, Бреница[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 22 жители (2011), сите Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 43 км југозападно од Лерин и 29 км северно од Костур. Лежи на северното подножје на планината Орлово во областа Корешта, на надморска височина од 880 м. Покрај самото село тече Брезничка Река.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Во XV век во Брезница по име се евидентирани 104 глави на домаќинства.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника" се вели дека во 1873 г. Брезница (Breznitza) е село во Костурската каза со 145 домаќинства и 380 жители Македонци.[5][6] Во истиот период Милош Милоевиќ 130 македонски[7] куќи, а во 1880-тите Стефан Верковиќ наведува 180 семејства.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Брезница имала 620 жители Македонци.[5][8]

Веќе на почетокот на XX век грчката пропаганда во селото прилично ослабнала, за за сметка на тоа бугарската јакнела. Според грчки податоци, во 1902 г. во селото имало 60 жители под врховенството на Цариградската патријаршија и 40 жители под Бугарската егзархија, а во 1903 г. 65 од првите и 45 од вторите. По Илинденското востание, на почетокот на 1904 г. селото целосно потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Брезница живееле 816 Македонци[5] и 12 Власи, и работело бугарско училиште.[10] Според Георги Константинов Бистрицки Брезница пред Првата балканска војна имака 180 македонски[5] куќи.[11]

Брезница настрадала од нападите на грчките андартски чети во 1905 г.[12]

На почетокот на април 1908 г. турската власт извршила рација за претрес на селото, подложувајќи го населението на измачувања и насилство.[13]

Припојување кон Грција[уреди | уреди извор]

Војници на Антантата во Брезница.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 761 жител.[3] Во 1927 г. грчките власти ја преименувале Брезница во Ватохорион. Пописот од 1928 г. вели дека во имало 605 жители.[3]

Втора светска и Граѓанска војна[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна во април 1941 г. Бугарите го заземаат местото, создавајќи чета на паравоената организација „Охрана“.[14]

Брезница многу настрадала во Граѓанскатата војна, па добар дел од населението се иселило во Р. Македонија и источноевропските земји.[3] Покрај тоа, во 1960-тите години селото го зафатил масовен бран на иселување во прекуокеанските земји[3] и затоа денес населението е многу мало во однос на тоа пред Граѓанската војна.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 770 75  ? 89 54 51 34 23
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Смрдеш со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Брезница, каде е единственото населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото се одгледуваат разни земјоделски култури и особено квалитетен грав.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Андон Жајков (Αντώνιος Ζάικος) — гркомански андарстски деец, убиен или изгорен жив со синот Лазар (Λάζαρος), исто така андарт[15]
  • Иљо Кољов (1925-1948) — комунистички деец[16]
  • Јован Жајков (Γιάννης, Ιωάννης Ζάικος) — гркомански андартски деец[17] от втори клас, довереник на Германос Каравангелис и Коте Христов, син на Андон и брат на Лазар, учесник во месниот грчки комитет [15]
  • Кано Тодоров Кочовски (?-1907) — деец на ВМОРО, водел битка со турската војска во селото, па се самоубил[18][19]
  • Кољо Косовски — деец на ВМОРО, војвода на центарска чета во Илинденското востание[20]
  • Коста Костадинов (1922-1947) — комунистички деец[21]
  • Панајот Јончев (1877-?) — деец на ВМОРО
  • Петре Жогов (1921 - 1948) — комунистички деец[22]
  • Петар Попгеоргиев (Πέτρος Παπαγεωργίου) — гркомански андартски деец, член на месниот комитет[15]
  • Стерјо Николов — иселенички деец во САД
  • Цветко Панов (?-1904) — деец на ВМОРО
  • Христо Бељо (1934-1949) — комунистички деец[23]
  • Христо Попгеоргиев (Χρήστος Παπαγεωργίου — гркомански андартски деец, член на месниот комитет[15]
  • Христо Спасков (1865-1901) — револуционер на ВМОРО
  • Јане Панов — деец на ВМОРО, војвода на Брезничката чета во Илинденското востание[24]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπρένιτσα -- Βατοχώριον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 142-143. 
  4. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  7. нарекувајќи ги „српски
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.266.
  9. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.125.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp 182-183.
  11. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.
  12. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 211.
  13. Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.
  14. Добрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 166.
  16. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009
  17. ΕΘΝΟΛΟΓΙΚΗ ΣΥΣΤΑΣΗ ΤΗΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑΣ ΣΤΙΣ ΑΡΧΕΣ ΤΟΥ 20ού ΑΙΩΝΑ
  18. Македонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр.47
  19. Илюстрация Илинден, година ХІІІ, февруари 1941, книга 2 (122), с. 12.
  20. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 82.
  21. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009
  22. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009
  23. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009
  24. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001.