Стрежево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стрежево
Велоекспедиција Ѓават-Кол 65.jpg

Поглед на истоименото езеро и селото

Стрежево се наоѓа во Republic of Macedonia
Стрежево
Местоположба на Стрежево во Македонија
Координати 41°08′12″ СГШ 21°11′16″ ИГД / 
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Bitola Municipality.svg Битола
Област Ѓават-Кол
Население 0[1] жит.
(поп. 2002)
Повик. бр. 045
Надм. вис. 787 м
Commons-logo.svg Стрежево на Ризницата


Стрежево — раселено село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола. По потопувањето на атарот на селото со Стрежевското Езеро во 1980-тите години, селото останало без жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Напуштени градби во селото

Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 787 метри.[2]

Атарот зафаќал површина од 8,9 км2, кој сега е потопен со Стрежевското Езеро.[2]

Се наоѓа на северозападниот дел од планинскиот масив Бел Камен, којшто се простира од градот Битола до селото Лера. Од градот Битола е оддалечено околу 25 километри. До него води асфалтен пат, сè до браната на хидросистемот „Стрежево“.

Непосредно под селото течела реката Шемница на која денес е изградена брана висока 76 метри со акумулација од 112 милиони метри кубни вода.

Историја[уреди | уреди извор]

За настанокот на селото не постојат пишани документи. Се знае дека населението од ова село се занимавало претежно со земјоделие и сточарство.

Во селото постоела воденица, каде што народниот херој Стив Наумов во организација на Бирис Стрезовски неколку пати престојувале во воденицата и одржувале партиски советувања со активистите од селото.

Во XIX век, Стрежево било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Стрежево имало 200 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стрежево имало 320 жители.[4]

Во вековите што изминувале селото било многу развиено. Така, во 1961 гodina броело 356 жители, за после многу брзо да се исели. Емигрирањето (околу 500 жители) било во прекуокеанските земји, во Европа и најпосле, по создавањето на акумулацијата, во Битола. Последно во 1981 година Стрежево имало 110 жители. Од 1984 година селото целосно е иселено, а денес постојат само разрушени куќи и неколку новоизградени викенд куќички.[2] Во 1984 година населението од ова село е преселено во т.н Стрежевска населба во Битола.

Според пописот од 2002 година, во селото Стрежево немало жители.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 200 320 366 361 356 263 366 0 0 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Црноец, во која влегувале селата Габаловци, Метимир, Лопатица, Облаково, Стрежево, Свиниште и Црноец.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лопатица, во која покрај селото Стрежево се наоѓале селата Габаловци, Загориче, Лисолај, Лопатица, Метимир, Облаково, Свиниште, Секирали, Утово и Црновец.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 0205 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Кажани, Свиниште и Стрежево, кое е сместено во шумарската куќа во Кажани.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 79 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[10]
Цркви[12]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Сé до 1984 година празници во селото биле 3 јуни (Св. Никола Летен) и 7 јули (Иванден).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 2 декември 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „Стрежево“. Мој Роден Крај. http://mojrodenkraj.com.mk/village.php?id=192. посет. 2 декември 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 2 декември 2017 г. 
  9. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=51&ps=325#. посет. 2 декември 2017 г. 
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  11. 11,0 11,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]