Породин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Породин
Породин is located in Македонија
Породин
Местоположба на Породин во Македонија
Координати 40°55′59″N 21°22′0″E / 40.93306° N; 21.36667° E / 40.93306; 21.36667Координати: 40°55′59″N 21°22′0″E / 40.93306° N; 21.36667° E / 40.93306; 21.36667
Општина Битола
Население 202 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7223
Шифра на КО 02096
Надм. вис. 596 м
Породин на општинската карта
Породин во Општина Битола.svg

Атарот на Породин во рамките на општината
Commons-logo.svg Породин на Ризницата


Породин — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Породин се наоѓа во јужниот дел на Битолското Поле, на потпланинскиот пат кој води јужно од Битола кон селото Драгош и државната граница со Грција. Од градот Битола, Породин е оддалечено 13 километри. Селото е рамничарско и е расположено на надморска височина од 600 метри. Атарот зафаќа површина од 13,7 км2, а на него преовладува обработливото земјиште со 1154 ха[1].

Историja[уреди | уреди извор]

Породин е село со богата историја. Во непосредна близина на Породин е археолошкото наоѓалиште од средниот период на младото камено време — неолитот наречено „Тумба“[2].

Во отоманските документи, селото се споменува во на 5 јуни 1636 година во еден договор за заем. Во овој документ за запишано дека жителите од с. Породин, Битолско, зеле на заем од вакафот „Мехмед Војвода“ пари во износ од 3.500 акчиња со лихва во износ од 450 акчиња.[3]

Од доаѓањето на Османлиите, па сè до Руско-турската војна, Породин (во историските документи често наведувано како Горни и Долни Породин) било село исклучиво населено со православни Македонци и 5 цркви изградени во Х-от век и нивен заеднички манастир кај сегашната црква „Св. Богородица“ во с. Велушина каде што бил закопан еден од синовите на цар Самуил[4]. По овој период македонското население било раселено, а на негово место се доселени муслимани Турци и Албанци кои се задржале сѐ до крајот на Првата светска војна. Потоа повторно започнуваат да се доселуваат Македонци од околните села, Леринско, Костурско и Мала Преспа.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Породин има исклучително полјоделска функција, што се должи на неговата местоположба во Пелагониската раминина. Најзастапено од полјоделството е одгледувањето на житните растенија: пченица, јачмен, пченка, потоа фуражните култури за сточна храна, како што се: трици, крмна пченка, луцерка, граор, детелина, како и индустриските и градинарските растенија: шеќерна и маслодајна репка, сончоглед, црвен пипер (познат за овој крај), кромид. Во селото Породин се наоѓа и свињарската фарма на ЗИК „Пелагонија“ од Битола, која е една од најголемите свињарски фарми во Македонија. Покрај свињарството од сточарството најмногу се застапени и краварството и овчарството, а во помала мера и козарството. Голем дел од населението што одгледува крави и овци се занимава и со млекопроизводство. Во селото Породин е регистрирана и едно автопревозно претпријатие.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Породин живееле 490 жители, од кои 300 Македонци и 190 Албанци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Породин имало 96 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Населението на селото изнесува 202 жители, од ко 194 Македонци, 6 Албанци, 3 Срби и 2 останати.[7]

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[8]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 490[5] 96[6] 447 523 460 536 442 284 241 202

Родови[уреди | уреди извор]

Породин е македонско православно и муслиманско албанско-ромско село, во него живеат родови доселенички, македонските родови дошле од околните Битолски села, од Леринско, од Костурско и од Корчанско и Мала Преспа. Сите македонски родови се доселени после турското владеење.

  • Родови доселени од Костурско се: Дељовци (1 к.) и Василевци (1 к.) доселени се 1924 од селото Апоскеп; Лулевци (4 к.), Грибевци (2 к.) и Огњановци (1 к.) доселени се 1924 од селото Кономлади; Боговци (1 к.),Младеновци (1 к.), Секуловци (4 к.), Геџовци (3 к.), Кубуровци (3 к.) и Ковачевци (1 к.) исто така се доселени од Кономлади во 1925, нивни роднини има во Скопје и Битола; Новачевци (1 к.) доселени се 1927 од Ошчима; Тодоровци (4 к.), Ванговци (2 к.) и Беќаровци (1 к.) доселени се од Желево, првите во 1925, а останатите во 1927; Сотировци (1 к.), Лумбуровци (1 к.) и Бундевци (1 к.) доселени се исто така од Желево во 1925, од првиот род имаат роднини во Велушина и Битола; Тошевци (2 к.) доселени се исто така од Желево во 1926; Џавеловци (2 к.) доселени се 1927 од селото Рулја; Мајдуровци (1 к.), Палчевци (1 к.) и Ѕвездинци (1 к.) доселени се 1927 од Трново; Кандилевци (1 к.) и Џонговци (1 к.) доселени се 1925 од Статица.
  • Родови доселени од Леринско се: Стојковци (1 к.) и Штерјовци (1 к.) доселени се 1927 од Трсје; Трпчевци (1 к.) исто така доселени се од Трсје во 1926; Пашевци (1 к.) доселени се 1925 од селото Негочани; Котевци (2 к.), Богдановци (1 к.) и Кузмановци (1 к.) доселени се 1927 од Раково; Божиновци (1 к.) доселени се 1927 од Песочница; Рапашиновци (2 к.) доселени се 1925 од Пополжани; Манојловци (2 к.) и Луковци (1 к.) доселени се од селото Арменско, првите во 1926, а другите во 1928.
  • Родови доселени од Битолските села се: Христовци (1 к.) доселени се 1928 од Олевени; Кочовци (4 к.), Ропковци (2 к.), Камбовци (1 к.) и Љамчевци (2 к.) доселени се од Велушина, првите во 1928, вторите и третите во 1929, а четвртите во 1933, и во Велушина се однекаде доселени; Живојинци (1 к.) доселени се од селото Живојно, каде припаѓале на староседелскиот род Топал-Золевци; Шамовци (2 к.) доселени се 1925 од Драгош; Најдовци (2 к.) доселени се 1920 од селото Суводол.
  • Родови доселени од Мала Преспа и Корчанско: Митровци (2 к.) доселени се 1928 од некое село кај Корча; Спасевци (1 к.) доселени се 1928 од Билишта; Гроздановци (2 к.) доселени се 1928 од некое село кај Корча; Китановци (2 к.) доселени се 1929 од селото Шулин.
  • Албански муслимански родови се: Исовци (2 к.) овде живеат од турско време; Јумеровци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од некое албанско село во сливот на Шемница.
  • Ромски родови во селото се: Церо (1 к.) овде живеат од турско време; Бафтијар (1 к.) доселени се однекаде во 40-тите на XX век. Домашен јазик на породинските Роми е Албанскиот. За време на турското владеење имало повеќе Ромски родови во селото.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото Породин работи основно училиште до IV одделение, како дел од подрачното ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Бистрица.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 145 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 158 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[12]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.241
  2. http://www.culture.in.mk/story_mk.asp?id=18981&rub=43
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија прва (1980). Скопје: Архив на Македонија. Стр.26
  4. Манојлов Панде. „Заблудите и вистините за село Породин“. Зборник на Македонското-турско пријателство, Битола, 2002, стр 227
  5. 5,0 5,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 236.
  6. 6,0 6,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  13. 13,0 13,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]