Острец
Острец — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Острец живееле 550 жители, сите Албанци.[1]
Населението на селото изнесува 229 жители, од кои 228 Албанци и 1 останат.[2]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[3]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 550[1] | 760[4] | 408 | 488 | 526 | 441 | 633 | 321 | 260 | 229 |
Родови[уреди | уреди извор]
Острец е албанско село.
Родови во селото се: Суљај (6 куќи) доселени се од областа Мат во северна Албанија, го знаат следното родословие: Бесим (жив на 30 г. во 1950-тите) Мурат-Шемшедин-Сали-Зеќир-Суљо, основачот на родот кој се доселил; Балај (10 куќи), Матај (5 куќи), Чилафај (5 куќи), Ликај (5 куќи), Љоцај (5 куќи), Таилар (5 куќи), Етемај (5 куќи), Оџалар (3 куќи), Маљолар (3 куќи), Меметолар (3 куќи) и Асанај (4 куќи) доселени се исто така од областа Матија, во родот Балај се знае следното родословие: Ајдар (жив на 31 г. во 1950-тите) Зеќир-Авмет-Раман-Бала, се доселил таткото на Бала; Дардаси (8 куќи) доселени се од селото Дарда во Љура, го знаат следното родословие: Адем (жив на 74 г. во 1950-тите) Реџеп-Адем-Ибраим, кој се доселил.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 156 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 210 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Населението мигрира во Битола, Турција, околните села, Австралија, САД, Канада, Германија и други земји во светот.[8]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Острец“. Мој Роден Крај. Посетено на 31 юли 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)