Ново Змирново
Ново Змирново − село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Змирново живееле 90 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Змирново имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот во 2002, селото брои 41 жител, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90[1] | 48[2] | 158 | 167 | 171 | 157 | 164 | 72 | 60 | 41 |
Родови[уреди | уреди извор]
Ново Змирново е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелци: Брановци (3 куќи) доселени се на средината од XIX век од селото Старо Змирново, они се основачи на селото; Штаковци (5 куќи) доселени се после родот Брановци од сега раселеното село Мечкарица, го знаат следното родословие: Диме (жив на 44 г. во 50-тите години) Никола-Стојче-Трајче, предокот кој се доселил во селото; Кутлешовци (8 куќи) и Ацевци (3 куќи) порано биле еден род, доселени се од некое село Кутлино во Мариово?. Можеби се однесува на селото Кутлешево во Прилепско; Магловци (4 куќи) доселени се од селото Лопатица; Милошевци (2 куќи) доселени се од некое село во Мариово; Гавазовци (2 куќи) доселени се од селото Стругово во Железник, они се најмлад род во селото доселени околу 1920 година.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 200 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задруга.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 36 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[8]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - главната селска црква;
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Долни Висои> — населба од неолитско и бакарно време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Попис 2002 http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678