Стругово
Стругово | |
Координати 41°11′58″N 21°10′53″E / 41.19944° СГШ; 21.18139° ИГД | |
Општина | Демир Хисар |
Население | 184 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 10034 |
Надм. вис. | 659 м |
Стругово на општинската карта Атарот на Стругово во рамките на општината | |
Стругово — село во Општина Демир Хисар.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Стругово — село во областа Железник, оддалечено само 4 км јужно од градот Демир Хисар. Соседни села се: Загориче од јужната страна, Боиште од запад, Слепче од север, Лесково од северозапад, а исто така граничи и со градот Демир Хисар.
Историја
[уреди | уреди извор]Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стругово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година во Стругово живееле 286 жители, од кои: 285 Македонци и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 184 жители, од кои 176 Македонци, 1 Србин и 7 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 320 | 320 | 645 | 644 | 607 | 550 | 535 | 483 | 353 | 286 | 184 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
[уреди | уреди извор]Стругово е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[10]
- Староседелци: Богдановци (1 к.), Апостоловци (36 к.), Зулумовци со Гавазовци (4 к.), Пашовци со Трајковци (7 к.), Доцевци (11 к.), Милевци (6 к.), Илијовци (5 к.), Стамевци (1 к.), Маслинковци (1 к.), Гавевци (2 к.) и Петковци (1 к.).
- Доселеници: Ивановци или Балуловци (3 к.) доселени се од селото Лева Река, Ресенско, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 90 г. во 1952 година) Ѓоргија-Иван, кој се доселил од Лева Река; Чомаковци (3 к.) доселени се од селото Лопатица, Битолско. Го знаат следното родословие: Доне (жив на 50 г. во 1952 година) Ацко-Нечо, кој се доселил; Чоревци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Црновец, битолско. Го знаат следното родословие: Крсте (жив на 38 г. во 1952 година) Коле-Диме, кој се доселил; Чавкаровци (4 к.) доселени се од селото Вирово; Голгановци (1 к.) доселени се од селото Обедник; Шамевци (2 к.) и тие се доселени од селото Обедник околу 1903 година; Зеленковци (4 к.) доселени се од селото Утово околу 1921 година; Димовци (1 к.) доселени се од селото Лесково.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Атанасиј“
- Основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение[11], подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 637 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 201 гласач.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Диме Талев Котевски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Веле Ѓоргиев Петровски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Неделко Стојанов Здравевски — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1952 година:
- Од Апостоловци во: Вардино (како домазет од 1935 година), Загориче (како домазет од 1951 година), Граиште (како домазет од 1939 година), и во Утово (како домазет од 1912 година).
- Од Зулумовци во: Ново Змирново (едно семејство од 1920 година).
- Од Милевци во: Граиште (како домазет од 1940 година), и во Битола (едно семејство од 1951 година).
- Од Чоревци во: Битола (едно семејство од 1947 година).
- Од Илијовци во: Битола (едно семејство од 1947 година), и во Крушево (едно семејство од 1947 година).
- Од Стамевци во: Утово (како домазет од 1920-тите).
- Од Чавкаровци во: Осиек во Хрватска (едно семејство од 1948 година).
- Од Шатевци во: Смилево (како домазет од 1931 година).
- Од Димовци во: Црновец (едно семејство од 1931 година)
- Од Петковци во: Романија (едно семејство од 1908 година).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 11.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|