Журче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Журче
Журче is located in Македонија
Журче
Местоположба на Журче во Македонија
Координати 41°17′03″N 21°14′11″E / 41.28417° СГШ; 21.23639° ИГД / 41.28417; 21.23639Координати: 41°17′03″N 21°14′11″E / 41.28417° СГШ; 21.23639° ИГД / 41.28417; 21.23639
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 255[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Надм. вис. 917 м
Commons-logo.svg Журче на Ризницата


Журче — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Журче се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, во Општина Демир Хисар. Се наоѓа помеѓу селото Сладуево и помеѓу градот Крушево.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век, Журче се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Журче имало 350 жители, сите Македонци христијани.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Журче имало 400 жители.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 255 жители, од кои 254 Македонци и 1 Влав.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 350 400 739 766 704 595 527 336 285 255
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Журче е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[7]

  • Староседелски и доселенички со непозната старина: Мусовци (2 к.), Савевци (4 к.), Мраовци (2 к.), Ќосевци (11 к.), Грнчаровци (1 к.), Марковци (2 к.), Чадевци (4 к.), Саравовци (3 к.), Кусевци (8 к.), Тарунчевци (5 к.), Грашуловци (1 к.), Петревци (6 к.), Смилевци (2 к.), Жилковци (4 к.) и Волчевци (4 к.).
  • Доселени со позната старина: Јосифовци (8 к.) и Бошковци (8 к.) доселени се од селото Бараково; Поповци (4 к.) и Чолаковци (3 к.) доселени се од селото Екши Су, леринско (Егејска Македонија); Бисовци (7 к.) доселени се од некое место во охридско; Цапарковци (1 к.) доселени се од селото Цапари, битолско; Барлевци (8 к.) доселени се од селото Загориче; Брсјаковци (1 к.) доселени се од селото Пуста Река, крушевско; Граиштанци (7 к.) доселени се од селото Граиште; Ѓорговци (3 к.) доселени се од селото Црнилиште, прилепско; Тушловци (3 к.) доселени се од селото Лисолај, битолско; Шлакевци (5 к.) доселени се од селото Белче; Ѓоргијовци (1 к.) доселени се од селото Свето Тодори, битолско.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Журче, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Спадуево.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастирската црква во манастирот „Св. Атанасиј“
Археолошки локалитети[9]
Цркви[10]
Манастири

Личности[уреди | уреди извор]

Починале

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 29 јули 2016. 
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  7. . Архив МАНУ Фонд „Бранислав Русиќ“ АЕ 97/1г „Железник“ Журче. 
  8. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. конс. 26 јули 2016. 
  9. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]