Сладуево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сладуево
Викиекспедиција Железник 226 (cropped).jpg

Поглед на селото Сладуево од ридот над Прибилци

Сладуево is located in Македонија
Сладуево
Местоположба на Сладуево во Македонија
Координати 41°15′12″N 21°12′30″E / 41.25333° СГШ; 21.20833° ИГД / 41.25333; 21.20833Координати: 41°15′12″N 21°12′30″E / 41.25333° СГШ; 21.20833° ИГД / 41.25333; 21.20833
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 77[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Надм. вис. 635 м
Commons-logo.svg Сладуево на Ризницата


Сладуево — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Кичево или Крушево, до самиот тек на Црна Река. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 635 метри. Од градот Демир Хисар е оддалечено 4 километри.[2]

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 1,2 км², при што преовладува обработливото земјиште со 80 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век, Сладуево се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото во основа има полјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сладуево имало 80 жители.[3]

Сладуево е мало село, населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 109, а во 1994 година бројот се намалил на 81 жител.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 77 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 80 106 126 109 96 105 87 81 77
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови[уреди | уреди извор]

Сладуево е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Сладуево, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Спадуево.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[8]
  • Светец — населба и некропола од средниот век.
Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 јули 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 273. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 9 февруари 2017 г. 
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  7. . Архив МАНУ Фонд „Бранислав Русиќ“ АЕ 97/1г „Железник“ Сладуево. 
  8. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]