Црква „Св. Илија“ - Сладуево
Свети Илија | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
| Парохија | Слепчанска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°15′26″N 21°12′27″E / 41.25722°N 21.20750°E |
| Место | Сладуево |
| Општина | Демир Хисар |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Изградба | во тек (започната во 2007 година) |
| Архитектонски опис | |
Свети Илија — македонска православна црква во изградба во селото Сладуево. Црквата се наоѓа на почетокот на селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Сладуево било едно од ретките македонски села без црква, така што сите христијански обреди (крштевки, венчавки и погреби) се извршувале под отворено небо. Така, со помошта на верници од Македонија, но и од македонски иселеници од САД и Австралија, во август 2007 година биле поставени темелите за изградба на црква. Денес, градбата на црквата е целосно изградена и се работи на уредување на внатрешноста.[1][2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа, со полукружна апсида во задниот дел. Влезот се наоѓата на бочната страна свртена кон југ, а на ѕидот десно од него има монофора. Два ланцетни прозорци има и на ѕидот свртен кон северната страна, а мало ланцетно прозорче има и на апсидата. Градбата е изградена од камен и е покриена со ќерамиди. На делот од задниот ѕид кој се простира од апсидата до кровот на црквата е насликан крст во темно-црвена боја.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ М., М.. „Демирхисарското село Сладуево едно од ретките без црква - Го изгубија тајниот ктитор од САД[мртва врска]“, Дневник, 16 февруари 2012.
- ↑ М., С.. „Македонци со крст на чело повикуваат: Нема да дозволиме Сладуево да остане село без црква! Архивирано на 21 февруари 2014 г.“, Мкд, 26 ноември 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Сладуево на Ризницата ?


