Сопотница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сопотница
Викиекспедиција Железник 174.jpg

Поглед на селото Сопотница

Сопотница се наоѓа во Republic of Macedonia
Сопотница
Местоположба на Сопотница во Македонија
Координати 41°17′40″ СГШ 21°09′18″ ИГД / 
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 929[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Надм. вис. 626 м
Commons-logo.svg Сопотница на Ризницата


Сопотница — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на дел селото Сопотница

Сопотница се наоѓа во подножјето на два рида - Голема Глава и Кула, на источните падини на Плакенска Планина. Ридовите над Сопотница делумно се голи, а делумно пошумени. Селската река извира во месноста Извор, па затоа од мештаните е наречена Изворија.[2]

Сместена во непосредна близина на селото Жван, може да се каже дека Сопотница се наоѓа во речиси средишниот дел на етногеографската целина, областа Железник, односно во Долни Железник.[2]

Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 670 метри.[3]

Атарот зафаќа површина од 17,6 км². На него шумите заземаат површина од 850 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 492 хектари, а на пасиштата 289 хектари.

Селото се наоѓа на левиот брег на Црна Река, на 10 километри од градот Демир Хисар и на 2 километри од патот Демир Хисар-Кичево. Населбата била поврзана со железничка линија со Прилеп, која денес не е повеќе во функција.

Историја[уреди | уреди извор]

Поглед на дел селото Сопотница

Селото е основано мошне одамна, иако не се знае точно годината на неговото создавање, за што не постојат пишани документи. Може да се претпостави дека го основале Словените. Неговото име е словенско и означува подрачје богато со извори. Првите жители на Сопотница биле припадниците на племето Брсјаци (Березити), како и во целата област.[2]

Во 19 век, Сопотница било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманската Империја.

Сопотница во XX век[уреди | уреди извор]

Во 1903 година, во Сопотница постоела селска милиција, што по објавувањето на Илинденското востание, прераснала во редовна востаничка чета. Четата била задолжена за попречување на пристапот до селото Норово. На 24 август 1903 година биле опожарени 70 од 80. куќи во селото, при што биле убиени и двајца 70-годишни старци, Даме Стојанов и Ѓорѓи Симонов. На 26 август биле дозапалени и останатите куќи. На 30 август бил убиен 45-годишниот Петре Јанкулов.[2]

Кон крајот на 1903 година, во опожареното село што започнало да се обновува престојувал Даме Груев, заедно со неговите најблиски соборци, Христо Узунов, Ѓорѓи Сугарев и црковниот војвода ѓаконот Евстахиј, при што го обновиле селскиот комитет на Револуционерната организација.[2]

Непосредно по капитулацијата на Југославија во Втората светска војна, биле одведени 11 војници во заробеништво.[4]

Поголем отпор во селото се развил во 1944 година.[2]

Во 1949 година преку доброволна работа бил изграден задружниот дом, во 1956 година селото добило електрична енергија, во 1969 година бил изграден водовод, во 1975 година била асфалтирана главната улица, а во 1980-тите години селото ги добило и станбените згради.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Фабриката „Железник“ во близина на Сопотница

Селото има поледелско-шумарска функција. Поледелството производство било и е основна земјоделска гранка. Пред Втората светска војна најмногу биле застапени житните култури (пченица, јачмен, ’рж, овес), окопните култури (пченка, грав), фуражни култури (граор, уров), текстилни растенија (коноп) и градинарски култури (домати, пиперки). Некои од овие култури, денес целосно се напуштени. Најмногу се засадува грав („жвански грав“), а како втора значајна култура може да се издвои тутунот.[2]

Сточарството било значајна стопанска гранка. Денес, најмногу се одгледуваат овци, говеда и свињи.

Во селото работи фабричкиот погон „Железник“, за производство на сачми. Во близина на селото се наоѓа и рудникот „Демир Хисар“.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сопотница имало 560 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сопотница имало 640 жители.[6]

Во 1961 година селото имало 956 жители, а во 1994 година 989 жители, македонско население, со што населбата се вбројува во големи села.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 929 жители, од кои 926 Македонци и 3 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 560 640 985 1.070 956 1.219 1.261 1.145 989 929
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Сопотница, од секогаш па до денес е населено исклучиво со Македонци од православна христијанска вероисповед. Најстари родови во Сопотница се: Цветковци и Настовци, а останати староседелски родови се и: Трчалажовци кои прекарот го добиле по тоа што некоја жена си одела со „пајнче“ (чинија) со јајца за ручек на глава, а некој трчајќи ѝ рекол дека едно пиле и ги исколвало јајцата озгора, поради што таа се наведнала и чинијата паднала и се искршила, по што рекла „и натемате трчајлаж“, Лозановци, Караџавци, Којчевци, Калешковци, Мијајлевци и Димовци[10]. Постари доселени родови се: Мреножани од с.Мренога, Пејковци од с.Кошино (Прилепско), Радовци од соседното с.Радово, Ориѓани од Охридско, Џивџановци од с.Загориче, Кутретинци од с.Кутретино, Црвенковци кои дошле од с.Воѓани (Прилепско), но тука го добиле прекарот по некој си Црвенко кој свирел гајда и бил најдобар гајдаџија[10].

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Жван, во која покрај селото Сопотница, се наоѓале и селата Вирово, Жван, Мренога, Радово, Слоештица, Суво Грло и Церово. Општината Жван постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жван, Мренога, Слојштица, Сопотница и Суво Грло.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастирската црква „Св. Атанасиј“
Археолошки локалитети[12]
  • Црквиште - сакрален објект од доцноантичко време;
  • Краиште - црква и некропола од средниот век;
  • Бунариште - цнаселба од средниот век;
  • Извор - сакрален објект и некропола од доцноантичко време;
Цркви[13]
Манастири
Споменици

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото работело културно-уметничкото друштво „Стојан Поповски“.

Панорамски поглед на Сопотница заедно со селските гробишта, сместени во дворот на црквата „Св. Никола

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 9 декември 2016 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 (на македонски) Сопотница. Сопотница: МЗ Сопотница. 1983. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%A1%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0_(%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0).pdf. посет. 9 декември 2016 г. 
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 279. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 9 декември 2016 г. 
  4. Тоа биле војниците: Магден Бубаковски, Стојан Бучковски, Ристе Волчевски, Стеван Лозановски, Тодор Лозановски, Симо Мондовски, Василе Настевски, Стојан Мреношки, Стојан Ориѓановски, Симон Пејковски и Цветан Талевски.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  10. 10,0 10,1 Цветковски П., Радован (1975) (на македонски). Од фолклорните и јазичните записи во демирхисарското село Сопотница. Развиток. Битола: Битолски весник. стр. 63. 
  11. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. http://www.demirhisar.gov.mk/obrazovanie/osnovno-obrazovanie.html. посет. 26 јули 2016 г. 
  12. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]