Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Сопотница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед кон црквата

македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоКрушевско-демирхисарско
ПарохијаСопотничка
Местоположба

Карта

Координати41°17′59″N 21°09′09″E / 41.29972°N 21.15250°E / 41.29972; 21.15250
МестоСопотница
ОпштинаДемир Хисар
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола
Архитектонски опис

Свети Никола — главна селска и гробјанска црква во селото Сопотница. Црквата се наоѓа во северниот дел од селото, непосредна на десната страна од патот кој води кон Сопотничкиот манастир.

Воедно, црквата е и парохиска црква на Сопотничката парохија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во периодот од 30 април до 5 мај 2012 година, од црквата се украдени крст и пари.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата има правоаголна основа со мало издолжување кон југ во крајниот западен дел. Во задниот дел на црквата свртен кон исток е сместена апсидата. Покрај главниот влез, во црквата може да се влезе и преку влезната врата на издолжувањето кон југ, над којашто е насликан крст и е запишано името на црквата. Градбата е обоена во бела боја и е покриена со кров на две нивоа со ќерамиди. Камбанаријата на црквата е сместена спроти издолжувањето кон југ. Таа има квадратна основа на три нивоа, при што основата незначително се стеснува по нејзината висина. Во нејзиниот горен дел, на секоја од четирите страни има отвори со правоаголен облик.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]