Суво Грло (Демирхисарско)
Суво Грло | |
Координати 41°18′5″N 21°9′57″E / 41.30139° N; 21.16583° EКоординати: 41°18′5″N 21°9′57″E / 41.30139° N; 21.16583° E | |
Општина | Демир Хисар |
Население | 8 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7244 з.п. Жван |
Шифра на КО | 10036 |
Надм. вис. | 735 м |
Суво Грло — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа областа Железник, во источните падини на Плакенска Планина, на левиот брег на Црна Река. Оддалечено е 11 километри северно од Демир Хисар.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Суво Грло живееле 55 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Суво Грло имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Суво Грло живеат 8 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 55[1] | 48[2] | 157 | 156 | 143 | 102 | 62 | 32 | 27 | 8 |
Родови[уреди | уреди извор]
Суво Грло е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[5] year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>
- Староседелци: Кузмановци (10 к.) и Грујовци (7 к.).
- Доселеници: Богојовци (3 к.) доселени се од селото Зашле, каде припаѓале на родот Шулевци; Трајковци (4 к.) доселени се од селото Ракитница; Митревци (3 к.) доселени се од селото Слепче во 1905 година.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 656 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 3 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ - главната селска црква;
- Црква „Св. Богородица“ — црква што се наоѓа на 300 метри над селото
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Горна Црква — црква и некропола од средниот век;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка картаг на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|