Бараково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бараково
Бараково is located in Македонија
Бараково
Местоположба на Бараково во Македонија
Координати 41°15′2″N 21°13′36″E / 41.25056° СГШ; 21.22667° ИГД / 41.25056; 21.22667Координати: 41°15′2″N 21°13′36″E / 41.25056° СГШ; 21.22667° ИГД / 41.25056; 21.22667
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 67[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Надм. вис. 603 м
Слава Мала Богородица[2]
Бараково на општинската карта
Бараково во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Бараково во рамките на општината
Commons-logo.svg Бараково на Ризницата


Бараково — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на Црна Река. Селото е рамничарско, на надморска височина од 620 м. Лежи недалеку од градот Демир Хисар на оддалеченост од 5,3 км и тоа во североисточен правец. Атарот е мошне мал и зафаќа протор од само 1,8 км². На него обработливото земјиште зазема површина од 97,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 38,3 ха, а на шумите само 1 ха.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Селото го добило името според првиот жител Барак (Барако+ово+село). Барак е лично име кое се споменува во XVI век.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото прв пат се споменува во опширниот пописен дефтер од 1468 година, под ојконимот Баракова, како село во Битолската каза, со вкупно 6 семејства и 1 вдовица, или вкупно околу 20 жители. Приход имале и плаќале 321 акче. [3]

Селото претставувало дел од тимарот што му припаѓал на Мехмеди, син на Али, во сума од 500 сребрени пари.

Селото се споменува и во дефтерот од 1538 година, со 28 жители.

Во 19 век, Бараково се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделска функција.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бараково имало 72 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бараково имало 72 жители.[5]

Селото е мало и во 1961 година броело 118 жители, а во 1994 бројот се намалил на 74 жители.

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 67 жители, од кои 66 Македонци и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 72 72 199 125 118 94 90 76 74 67
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Бараково е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[9]

Доселенички: Орманковци (3 к.) доселени се од селото Прострање, кичевско; Дуртановци (2 к.) доселени се од селото Железнец; Лазоровци (1 к.) доселени се од селото Света; Грујовци (3 к.), Пандаровци (3 к.) и Ќибилевци (4 к.) доселени се од селото Вардино; Нечовци (2 к.) доселени однекаде.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Бараково, се наоѓале и селата Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[10]
Цркви[11]
Споменици

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Бараково највеќе од населението е иселено во Битола. Но одреден број е иселен и во Скопје, Прилеп, Демир Хисар, како и во САД и Австралија.[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 13 јуни 2016. 
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар. Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2. http://eprints.ugd.edu.mk/18749/1/Никола%20В.%20Димитров%2CГЕОГРАФИЈА%20НА%20НАСЕЛБИ-Општина%20Демир%20Хисар.pdf. 
  3. Во Опширниот пописен дефтер број 993 и 988 од 1468 г. (Пописот опфатен од лист 1-10 на Дефт. бр. 993 и од лист 11 -97 на дефт. број 988). М. Соколовски, Турски документи за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1971, стр.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. . Архив МАНУ Фонд „Бранислав Русиќ“ АЕ 97/1г „Железник“ Бараково. 
  10. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  12. Димитров, Никола (2017). Географија на населби-Општина Демир Хисар. Битола. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]