Доленци (Демирхисарско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Доленци

Поглед на селото Доленци

Доленци во рамките на Македонија
Доленци
Местоположба на Доленци во Македонија
Доленци на карта

Карта

Координати 41°18′56″N 21°05′52″E / 41.31556° СГШ; 21.09778° ИГД / 41.31556; 21.09778Координати: 41°18′56″N 21°05′52″E / 41.31556° СГШ; 21.09778° ИГД / 41.31556; 21.09778
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 60 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10011
Надм. вис. 915 м
Слава Голема Богородица
Св. Атанасиј[2]
Доленци на општинската карта

Атарот на Доленци во рамките на општината
Доленци на Ризницата

Доленци — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Доленци се наоѓа во средишниот дел на етнографската област Железник (Демир Хисар). Сместено е во дол, меѓу ридовите: Задел, Кула и Осон на надморска височина од 720 метри.

Се работи за ридско село чиј атар зафаќа простор од 10,6 км2. Од него, шумите зафаќаат површина од 561,1 хектар, обработливото земјиште опфаќа 218,6 хектари, а пасиштата 211 хектари.

Непосредно покрај селото минува регионалниот пат Битола-Кичево. Од Битола е оддалечено 45 км, од Кичево 32 км, а од Демир Хисар 17 км.

Доленци има четири маала: Горно Маало, Сретсело, Долно Маало и кај Брезоштица.[3]

Соседни села: Брезово од север, Сопотница и Жван од југ и југоисток, Железнец од северозапад, и Бабино од југозапад.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Доленци се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948442—    
1953464+5.0%
1961402−13.4%
1971317−21.1%
1981242−23.7%
ГодинаНас.±%
1991195−19.4%
1994150−23.1%
200297−35.3%
202160−38.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Доленци имало 330 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Доленци имало 360 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 97 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 60 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 330 360 442 464 402 317 242 195 150 97 60
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Доленци е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[13]

  • Староседелски: Дамјановци (15 к.), Ристевци (9 к.) и Белевци (9 к.).
  • Доселеници со непознато потекло: Богдановци (3 к.).
  • Доселеници со познато потекло: Андревци (6 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај. Го знаат следното родословие: Исијан (жив на 58 г. во 1951 година) Лазар-Насте-Андре, кој се доселил; Нешковци (5 к.), доселени се од селото Бабино, таму припаѓале на родот Карадаковци; Тупановци (10 к.), Макаријовци (10 к.), Лајкучевци (1 к.), Малевци (2 к.) и Бубушовци (1 к.), сите доселени од селото Цер; Мартушовци или Крлевци (9 к.), доселени се од селото Лесково и Беговци (5 к.), доселени се од селото Сопотница.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешното основно училиште „Браќа Миладиновци“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Доленци, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Брезово, Големо Илино, Железнец, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Доленци, во која влегувале селата Брезово, Бабино, Базерник и Доленци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 647 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Богородица“ во самото село
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]
Пештери
  • Змеева Дупка — се наоѓа на десната страна од Црна Река на падините од Павлев Рид на надморска височина од 780 м. Околу пештерата има дабова шума, а пристапот до влезот е погоден. Веднаш по влезот пештерата има тесен ходник, а потоа се спушта скоро вертикално околу 3 м. Потоа се протега косо кон северозапад и постепено се проширува. Долу има сала во неправилна форма од 11 до 20 м. во западниот дел се наоѓаат два големи сталагмити со пречник од околу 60 см. Народот верувал дека двата сталагмити се скаменети девојка и змеј.
  • Еврејска Дупка — се наоѓа на западната страна од ридот Курати на 920 м. над. висина. Влезот на пештерата се наоѓа на доста стрмен терен обраснат со густа габрова и јасенова шума и тешко можи да се пронајди. Влезот е широк 1 метар, а висок 40 см., па човек може да влези само лазејќи. Пештерата изобилува со сталагмити и сталактити.
Камења
  • Брат и Сестра — се наоѓаат на 150 м. над селото. Овие камења се високи по околу 8 м.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До 1951 година иселеници од селото имало во Битола (5 семејства), Србија (3 семејства, во Белград), во Босна (едно семејство, во Сараево), во Бугарија (3 семејства, во Софија, Симитли и во Мелник), и во Романија (1 семејство). Како и домазети по околните села.[13]

Иселеништвото продолжило и потоа, што може да се забележи и по падот на население.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. Доленци низ вековите - Никола Наумовски, Битола 1998
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 јули 2016.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  14. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  20. 20,0 20,1 20,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]