Смилево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Смилево
Смилево се наоѓа во Македонија
Смилево
Местоположба на Смилево во Македонија
Координати: 41°09′18″ СГШ 21°06′40″ ИГД / 
Земја Македонија Македонија
Регион Пелагониски
Општина Демир Хисар
Надм. вис. 940 м
Население (2002)
 • Вкупно 321
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)

Смилевосело во Општина Демир Хисар, југозападна Македонија. Познато е по Смилевскиот конгрес и кревањето на Илинденското востание.

Селото е родно место на големиот национален деец Даме Груев — еден од основачите и водачите на ВМРО, овековечен со споменик.

Историja[уреди | уреди извор]

Смилево во почетокот на ХХ век
Манастирот „Св. Петар“ во Смилево

Смилево е единствено мијачко село во Демирхисарско. Населено е со Мијаци, дојдени од мијачкиот предел кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век, бегајќи од големите зулуми и грабежи. Легендата вели дека до денешната населба на селото Смилево постоела населба од Брсјаци. Тоа место се нарекува Старо Смилево. Новопристигнатите Мијаци продолжиле да се занимаваат со сточарство, но кога и таму се јавиле грабежи и несигурност го напиштиле сточарството и се ориентирале кон ѕидарскиот занает. набргу станале најголемите мајстори - ѕидари во Битола, Ресен и пошироко. Населбата што ја формирале новите доселеници во прво време се викала Ново Смилево, а подоцна само Смилево. Според кажувањата на некои постари селани се смета дека во смилево се доселиле и Брсјаци од други села. Меѓу позначајните семејства кои го нашле својот дом во Смилево биле: Гарци од с. Гари, Коштревци од Галичник, Трампевци од Тресонче, Пејчиновци и Најдановци од Лазарополе, Жежовци од Ехловец, Бучиновци од Бучин, Кочанковци од Лева Река, ресенско, Марушевци од Златари, Граматковци од Кривени, и др. Старото население од Старо Смилево поради честите грабежи се преселило во Ново Смилево.[1]

Смилево во XX век[уреди | уреди извор]

Жителите на Смилево активно се вклучиле во борбите на ВМОРО. Тука се одржува и Смилевскиот конгрес од 2 до 7 мај 1903 година, на кој е решено да се крене Илинденско востание во Битолскиот револуционерен округ, а индиректно во Македонија и Одринско. За време на востанието селото било ослободено, но потоа селото е три дена разграбувано и опожарено.

Вечерта на 27 август 1906 година, селото било нападнато од преку 180 андарти предводени од капетанот Константинос Гутас, кои биле потпомогнати од турско население од околните села Обедник, Кажани и Рамна.[2] Групата започнала со палежи, убивања и грабежи низ селото. Колежот траел цел ден иако само на еден час од селото се наоѓал турскиот гарнизон сместен во Гопеш. Следниот ден биле информирани конзулите од Битола, кои заедно со тројца англиски новинари дошле во посета на селото. Според Христо Силјанов во колежот биле убиени 15 селани, од кои 3 жени, а тројца биле ранети, од кои една жена, и запалени 10 куќи.

Таен јазик на смилевските ѕидари-печалбари[уреди | уреди извор]

Табела со споредба на употреба на зборови во Папрадиште и Смилево
Научен труд за тајниот јазик на печалбарите од Смилево со збирка на зборови, реченици, текстови и граматичко-лингвистички проучувања

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на крајниот јужен дел од територијата на Општина Демир Хисар, во подножјето на Бигла Планина. Селото е ридско, на надморска височина од 940 метри. Од патот Демир ХисарБитола населбата е оддалечена малку повеќе од девет километри. Атарот зафаќа површина од 16,4 км 2. Во него шумите заземаат површина од 1 400 ха, на пасиштата отпаѓаат 113 ха, а на обработливото земјиште 104 ха. Селото има полјоделско-шумарска функција.

Економија[уреди | уреди извор]

Смилевки во народна носија во 1913 год., една од првите фотографии во боја во светот

Демографија[уреди | уреди извор]

Во почетокот на XX век Смилево било големо село и во него живееле околу 2.200 жители.[3] Од Смилево се иселил голем дел од населението и селото преминало од голема, во средна населба, населена со македонско население. Во 1961 година селото броело 1.158 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 384 жители. Во 2002 год. во Смилево живееле 321 жители, сите Македонци.[4]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во Смилево постои ОУ "Даме Груев" - Смилево кое датира од турско време. Во текот на 1963 година изграден е споменик на Даме Груев. Исто така во спомен на 100 години на Илинденското востание 1903 и познатиот Смилевски конгрес подигнат е Спомен музеј.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Меморијалниот музеј во с. Смилево, посветен на Смилевскиот конгрес

Петровден-заштитник на селото 7-Мај -денот на полицијта. Првите безбедносни чети основани за време на одржувањето на Смилевскиот конгрес 02 Август -прослава на Илинден 23 Декември-Панихида за Даме Груев

Родени во Смилево[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Непокорени - Ѓорѓи Димовски Цолев, Борис Павловски, Битола 1982
  2. Андонов, Благојче (септември 2015). Андонов, Благојче. уред. Грчкиот колеж во Смилево, август 1906 година. „Македонска ризница“ (Александар Стеванов) том  38: 5. ISSN 18578314. http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_38. конс. 9 октомври 2015. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.238.
  4. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]