Кочиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кочиште
Викиекспедиција Железник 181.jpg

Поглед на селото Кочиште

Кочиште is located in Македонија
Кочиште
Местоположба на Кочиште во Македонија
Координати 41°20′40″N 21°10′17″E / 41.34444° N; 21.17139° E / 41.34444; 21.17139Координати: 41°20′40″N 21°10′17″E / 41.34444° N; 21.17139° E / 41.34444; 21.17139
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 38[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7244
Повик. бр. 047
Надм. вис. 746 м
Слава Св. Никола[2]
Кочиште на општинската карта
Кочиште во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Кочиште во рамките на општината
Commons-logo.svg Кочиште на Ризницата


Кочиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од патот Демир Хисар-Крушево. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 730 метри.[3]

Атарот на селото зафаќа простор од 12,1 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 820 хектари, на пасиштата отпаѓаат 184 хектари, а на обработливото земјиште 175 хектари.[3]

Околни села: Брезово од запад, Радово и Растојца од југ, Острилци од исток, Долно Дивјаци и Зашле од север, како и со градот Крушево од североисток.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во отоманските документи од 1639 година (помеѓу 2 и 11 јули), во една гаранција за заем, каде што е запишано дека жителите од село Кочиште - Демирхисарско, зеле 5.700 акчиња на заем од лицето познато како Базирѓан-заде. Како гарант се јавува Али, субашија.[4]

Во XIX век, Кочиште било село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има поледелско-шумарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кочиште имало 320 жители, од кои 120 Македонци христијани и 200 Албанци муслимани.[5]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кочиште имало 296 жители.[6]

Кочиште е мало село, кое во 1961 година броело 274 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 45 жители македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 38 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 320 296 267 284 274 177 110 57 45 38
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Кочиште е македонско село, а во минатото имало и Албанци во селото.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[10] year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>

  • Староседелци: Златановци или Најдовци (3 к.), Ристевци (1 к.), Трајчевци (2 к.) и Сиљановци (1 к.). Трајчевци пред 1903 година избегале во Растојца, па се вратиле. И Сиљановци избегале во Крушево, па се вратиле.
  • Доселеници: Јанкуловци (2 к.), Јоновци (5 к.) и Стевановци (1 к.), доселени се од селото Радово, Јанкуловци од османлиско време живее во селото, а останатите два рода се доселени после пропаста на османлиите; Гроздановци (2 к.), доселени се во 1933 година од Крушево; Спасеновци (2 к.), Никодиновци (2 к.), Илијовци (9 к.), Јанкуловци (2 к.), Крстевци (2 к.) и Малци (1 к.), доселени се во 1914 и 1915 година од селото Зашле, таму имаат роднини; Шабан (1 к.), името го добиле по прекар. Доселени се преку Зашле од селото Брезово, таму припаѓале на родот Гаревци; Димовци или Вељановци (1 к.) и Митрушковци (2 к.), доселени се во 1914 и 1915 година од селото Растојца, таму имаат роднини; Петковци (1 к.) и Грујовци (4 к.), доселени се од селото Долно Дивјаци во 1915 година, таму имаат роднини; Петревци (1 к.), доселени се во 1916 година од селото Горно Дивјаци; Кузмановци (2 к.), доселени се во 1918 година од селото Слоештица.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Кочиште, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Зашле и Пуста Река. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 639 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 14 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[13]
Цркви[14]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:

  • Од Златановци во: Крушево (едно семејство).

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 декември 2016.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 160. Посетено на 20 декември 2016.
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија прва (1980). Скопје: Архив на Македонија. Стр.48
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  11. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]