Долно Дивјаци
Долно Дивјаци | |
Поглед на селото Долно Дивјаци | |
Координати 41°23′21″N 21°11′4″E / 41.38917° СГШ; 21.18444° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Крушево |
Население | 27 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7550 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 16009 |
Надм. вис. | 860 м |
Долно Дивјаци на општинската карта Атарот на Долно Дивјаци во рамките на општината | |
Долно Дивјаци на Ризницата |
Долно Дивјаци — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во крајниот висок северозападен дел на територијата на Општина Крушево, на јужните огранки на Бушева Планина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Демир Хисар.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 860 метри. Од градот Крушево е оддалечено 6,6 километри.[2] Низ самото село води регионалниот пат 2337.
Се наоѓа во близина на Крушево со убава местоположба со две реки. Една од нив е Жаба, една од поголемите притоки на Црна Река.
Историја
[уреди | уреди извор]Со оглед на повеќе археолошки наоѓалишта во близина на селото може да се претпостави дека селото е стара населба, но и дека некогаш се наоѓало на друга местоположба, каде имало и стара црква.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 12,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 756,9 хектари, на пасиштата отпаѓаат 385,5 хектари, а на обработливото земјиште 54,7 хектари.[2]
Во основа, селото има сточарско-шумарска функција.[2]
Дел од населението се занимава со производство на вар.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долно Дивјаци имало 230 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Дивјаци имало 264 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Ова село не е многу големо и тоа, во 1961 година броело 302 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 57 жители македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 59 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 25 Македонци, 1 останат и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 264 | 288 | 304 | 302 | 230 | 118 | 71 | 57 | 59 | 27 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Долно Дивјаци е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[13]
- Староседелски и доселенички со непозната старина: Грујовци или Богдановци (19 к.), Велевци (6 к.), Пејчиновци (10 к.), Тупачовци (10 к.) и Џивџаковци (1 к.).
- Доселеници со познато потекло: Калевци (5 к.), доселени се од мијачкото село Лазарополе, го знаат следното родословие: Стеван (жив на 80 г. во 1951 година) Трајко-Кале-Вељан, се доселил некој дедо негов; Јанчевци (1 к.), предокот кој се доселил (Јанче) дошол како слуга во Пејчиновци од мијачкото село Галичник, го знаат следното родословие: Милан (жив на 68 г. во 1951 година) Стојан-Јанче, кој се доселил.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]До 1951 година иселеници од селото имало во Србија (Белград, Јабука и Качарево), во Бугарија, Прилеп, селото Славеј кај Прилеп, Кочишта кај Демир Хисар, но и по околните села како домазети.[13]
Посилен бран на иселување имало после 1960 година.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Долно Дивјаци било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Долно Дивјаци, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Зашле, Кочишта и Пуста Река. Општината Долно Дивјаци постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци и Пуста Река.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1206 според Државната изборна комисија, сместенo во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место влегува и селото Арилево.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[3]
- Кале — средновековно утврдување;
- Св. Недела — осамен наод од раниот среден век; и
- Стари Куќи — средновековна населба.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во или по потекло од Долно Дивјаци
- Ставре Димитријоски (1880-1943) — македонски револуционер, познат како Ставре Војвода, убиен во месноста Црвењца заедно со неговата жена додека жниеле;
- Симон Кисковски — француски и македонски стопанственик и информатички инженер;
- Максим Трајков Велески — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Стеван Трајков Калески — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Миле Јонов Горчески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Петре Јонов Горчески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Милан Стојан Јанчески — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Јоан Кусески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Блаже Велев Настоски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Софроние Крстев Петкоски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Наќе Кискоски — македонски партизан.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Панорама
-
Дел од селото
-
Дел од селото со црквата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 105. Посетено на 13 декември 2016.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 201. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 декември 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Железник-Долно Дивјаци. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 10 декември 2021.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 20,0 20,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Долно Дивјаци на Ризницата ?
|