Арилево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Арилево
Поглед на Арилево.jpg

Поглед на селото

Арилево is located in Македонија
Арилево
Местоположба на Арилево во Македонија
Арилево на интерактивна карта

Координати 41°23′47″N 21°11′54″E / 41.39639° СГШ; 21.19833° ИГД / 41.39639; 21.19833Координати: 41°23′47″N 21°11′54″E / 41.39639° СГШ; 21.19833° ИГД / 41.39639; 21.19833
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Kruševo Municipality.svg Крушево
Население 13[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7550
Повик. бр. 048
Шифра на КО 16002
Надм. вис. 960 м
Арилево на општинската карта
Арилево во Општина Крушево.svg

Атарот на Арилево во рамките на општината
Commons-logo.svg Арилево на Ризницата


Арилево — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото од височина, Арилево е во преден план, додека Долно Дивјаци е во позадина

Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Крушево, на јужните падини на Бушева Планина.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 960 метри. Од градот Крушево е оддалечено 4,5 километри.[2] Непосредно до селото минува регионалниот пат 2337.

Соседни села на Арилево се: Белушино, Селце и Норово од исток и североисток. Потоа Горно Дивјаци и Долно Дивјаци од север и југозапад, а Арилево исто така граничи и со градот Крушево.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во турско време било чифлик на Рустем-Бег.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 8,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 425 хектари, на пасиштата отпаѓаат 392 хектари, а на обработливото земјиште 43,3 хектари.[2]

Во основа, селото има сточарско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948143—    
1953157+9.8%
1961148−5.7%
197196−35.1%
ГодинаНас.±%
198148−50.0%
199122−54.2%
199418−18.2%
200213−27.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Арилево имало 90 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арилево имало 120 жители.[5]

Ова село не е многу населено. Тоа, во 1961 година броело 148 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 18 жители македонско население и селото е доведено во фаза на целосно раселување.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 13 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 90 120 143 157 148 96 48 22 18 13
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Арилево е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[3]

  • Доселеници: Мутавџиовци (14 к.), доселени се од селото Арбиново, Дебрца, го знаат следното родословие: Ристе (жив на 80 г. во 1951 година) Лазо-Трајко-Милош, кој дошол како мутавџија во селото; Грмидоловци или Николовци (7 к.), доселени се однекаде; Скадревци (2 к.), доселени се од некое место во околината на Скадар, Албанија; Јовчевци (1 к.), доселени се однекаде. Сите родови живеат во селото од турско време.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:[3]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешното основно училиште
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Арилево било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Арилево, се наоѓале и селата Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Зашле, Кочишта и Пуста Река. Општината Долно Дивјаци постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци и Пуста Река.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1206 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Долно Дивјаци.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[12]
Реки
  • Шапка (именувана подоцна како Жаба) — мала река низ селото

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во или по потекло од Арилево

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 август 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 13-14. Посетено на 13 декември 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 Русиќ, Бранислав. Железник-Арилево. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 172-173.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Локални избори 2021“. Посетено на 10 декември 2021.
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  13. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)
  14. 14,0 14,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)
  15. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)
  16. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: others (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]