Црква „Св. Никола“ - Арилево
Свети Никола | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
| Парохија | Втора крушевска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°23′40″N 21°11′56″E / 41.39444°N 21.19889°E |
| Место | Арилево |
| Општина | Крушево |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Изградба | XIX век |
| Живопис | 1887 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Свети Никола — главна селска црква во крушевското село Арилево, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа на самиот регионален пат 2337, пред скршнувањето за влезот во селото. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црква е сместена на самиот влез пред селото Арилево, на околу 9 километри северозападно од Крушево.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е подигната во втората половина на XIX век, што е претпоставка врз основа на нејзиното живописување.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Храмот претставува еднокорабна засведена градба, зајакната со испуштени пиластри на надолжните страни, поврзани со полукружни лакови, создавајќи три слепи ниши во ѕидовите и по една во травеите. Апсидата е петострана, расчленета со слепи ниши. Влезот на црквата е од западната страна и има по еден прозорец на северната, јужната и историчната страна (во вид на крст).[3]
Црквата е ѕидана од кршен камен и малтер, Каменот, главно, е употребен како необработен, вкопан во многу малтер и без определен опус на ѕидање. Единствено аглите на градбата се изведени од делкани камења квадери со минимални спојници.[3]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Над западната врата во црквата има натпис, кој се наоѓа во наосот и дава информации дека живописот бил завршен на 4 мај 1887 година во времето на свештеникот Ѓорѓи. Коста Атанасов, автор на живописот, тешко се справувал со црковнословенскиот јазик, што се гледа од самиот текст во натписот, како и во испишувањето на насловите од композициите.[3]
Живописот во црквата Свети Никола распореден е во три зони и целосно е сочуван и е во добра состојба. Во првата и втората зона се насликани светци во цел раст меѓу кои се и сцените на св. Димитриј на коњ го убива Калојан, св. Ѓорѓи на коњ ја убива ламјата, Успение на св. Илија и раѓањето на Исус Христос. Во најниската зона на западниот ѕид се насликани композициите Страшниот суд и Успение на Пресвета Богородица, над него. Во третата зона претставени се сцени од животот на Христос. Во најниската зона на апсидата сместена е композицијата Литургиска служба на светите отци со св. Василиј Велики, св. Јован Златоуст и св. Григориј Богослов, а над нив е насликан допојасниот фронтален лик на Богородица. Во темето на сводот се насликани Света Тројца, Исус Христос Сдржател и Богородица Ширшаја од небесета.[3]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Во црквата има евидентирано движно културно наследство, во кое влегуваат шест икони, но во самата црква има уште тринаесет икони кои треба да се евидентираат и обработат.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Камбанаријата и влезот
- Влезот
- Поглед на црквата
- Селските гробишта
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Помошниот објект
- Камбанаријата и влезот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Втора крушевска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 11 декември 2021.
- 1 2 3 4 5 6 7 „Зборник на трудови бр. 22“ (PDF). Народен музеј - Битола. 2019. Посетено на 11 декември 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Арилево на Ризницата ?


