Народен музеј - Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зградата на музејот
Античка статуа на божица во музејот

Народен музеј - Битоламузеј во центарот на Битола, сместен во некогашното Битолско воено училиште, основано во 1847 г.

Со одлука на Владата на Република Македонија за утврдување на мрежата на национални установи од областа на културата (Службен весник на РМ број: 84/2003), Заводот за заштита на спомениците на културата, музеј и галерија Битола доби статус на национална установа од областа на културата и се преименува во Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, односно Завод и музеј Битола.

Денес, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, е национална установа од областа на културата чија основна дејност е заштита, систематизација, научна обработка и презентација на културното наследство во Општина Битола.

Својата дејност, програма, цели и задачи, институцијата ги остварува преку секторите за музејска дејност, заштитна дејност и секторот за заеднички служби.

Во установата се вработени 48 лица од кои што 31 лице со висока стручна подготовка.

Заводот и музеј Битола во вршењето на својата дејност ги користи следните објекти: Стара касарна, антички локалитет Хераклеја Линкестис, Уметничка галерија (Јени џамија (Битола), Ајдар Кади џамија, Спомен-куќа Гоце Делчев, Спомен-куќа на Стив Наумов, Магазата на ул. “27-ми Март”.

Во музејот можат да се видат многу поучни работи, како на пример статуи од познати борци (Гоце Делчев, Питу Гули итн.), праисторијата на луѓето и др.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Музеј Битола — страница на туристичкиот портал на зитола