Прејди на содржината

Грб на Општина Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Грб на Битола)
Грб на Општина Битола
Варијанти

Општина Битола, СФРЈ (1944-2006)
Подробно
Усвоен21 март 2006
Претходни варијантиНа бела позадина, народна носија, саат-кулата со планината Баба во позадина, столб од Хераклеја, под кои е наоѓаат запци како симбол на индустријата и вода која тече која ја претставува реката Драгор, додека над сите е испишан датумот на ослобудување на Битола, над кој пак се наоѓа петтокрака ѕвезда како симбол на социјализмот

Грб на Општина Битолагрб на Општина Битола и самиот град Битола. Усвоен на 21 март 2006 г. на свечена седница на советот на општината. Тој ги симболизира богатата и длабока историја на Битола а црвено–златниот штит ја претставува современа Битола, подемот на нејзината урбана, духовна и материјална култура. Воедно со својата визуелна стуктура асоцира и на осончаните врвови на пелистерските молики и пелагониското златно класје. Со својот сферичен долен дел грбот асоцира на белиот амфитеатар во Хераклеја. На семантички и хералдички план значењето и симболиката на грбот дополнително се засилени со чистата колоритна структура. Сината боја ги симболизира граѓанското општество и демократијата. Црвената боја ги симболизира животот и традицијата. Жолтата боја ги симболизира духовното богатство и неговата моќ. Белата боја е метафора на моралната чистота и етиката.[1]

  1. Новиот грб и знаме на Општина Битола Архивирано на 23 декември 2014 г. на мрежното место на Општината Битола (македонски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]