Грб на Општина Берово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Општина Берово
Подробно
Усвоенн/п
Штиткруг

Грб на Општина Берово — официјален грб Општина Берово

Опис[уреди | уреди извор]

Грбот на Општината .Берово е во кружна форма. Во подножјето има книга, графички изведена - линиски. Во кругот се: Беровското езеро, десно е манастирот „Св Архангел Михаил“. Грбот е изведен . описно, експлицитно, со реалистички елементи во духот на стилските одлики на претстави кои биле изработувани и визуелно третирани во поранешниот опшествено-политички систем каде повеќе елементи биле претставувани во стилски карактерисртики на одреден описен реализам[1].. Општината има грб кој е во кружна форма. Во кругот симетрично е растворена книга, како симбол на образованието, што е основа на прогресот на Општината. Од центарот на кругот се поставени два полупречника што ги претставуваат планините во Општината како главна географска одлика на Општината. Во средината на воздушниот простор кој го претставува исечокот на кругот што го формираат планините, се наоѓа бор-симбол на шумското богатство на Општината. Реката и акумулационото езеро се наоѓаат во средината на грбот. Оградата на езерото е во вид на лента украсена со орнаменти што го претставуваат малешевскиот фолклор. На десната страна од кругот е сместен приказ на манастирскиот комплекс “Свети Архангел Михаил” духовно-образовен симбол на Малешевијата. Индустријата е претставена со запалник на кој е испишано името на општинскиот центар-Берово и се наоѓа под половината од кружната форма. Од левата и десната страна на кругот се претставени гранки од листови и жито како симбол на овоштарството и земјоделието во Општината.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „С Т А Т У Т НА ОПШТИНА БЕРОВо“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2022-07-15. Посетено на 2022-10-29.

Поврзано[уреди | уреди извор]