Знаме на Општина Битола
Изглед
![]() | |
Употреба | граѓанско знаме ![]() |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 21 март 2006 |
Опис | Бело поле со грбот на општината во центарот. |
Знамето на Општина Битола било усвоено на 21 март 2006 на свечена седница на Советот на Општина Битола.
Опис
[уреди | уреди извор]Тоа се состои од поле со бела боја, во чие средиште се наоѓа грбот на општината. Грбот на општината ги симболизира богатата и длабока историја на Битола а црвено–златниот штит ја претставува современа Битола, подемот на нејзината урбана, духовна и материјална култура. Воедно со својата визуелна стуктура асоцира и на осончаните врвови на пелистерските молики и пелагониското златно класје. Со својот сферичен долен дел грбот асоцира на белиот амфитеатар во Хераклеја. Белата боја е метафора на моралната чистота и етиката. [1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Новиот грб и знаме на Општина Битола Архивирано на 23 декември 2014 г. на мрежното место на Општината Битола (македонски)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Свечено подигање на новото знаме на Општина Битола[мртва врска]
- Новото знаме и грб на Општина Битола[мртва врска] на мрежното место на Утрински Весник. (македонски)
![]() | Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |