Прејди на содржината

Знаме на Општина Виница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Општина Виница
}}
Употреба граѓанско знаме граѓанско знаме
Сразмер н/п
Усвоено н/п
Опис Две еднакви хоризонтални ленти во црвена и сина боја со амблем во средината.

Знамето на Општина Виница е официјалното знаме на оваа македонска општина. Знамето на општината е составено од две еднакви хоризонтални ленти во сина и црвена боја со златен амблем во средината.

Знамето на општина Виница е составено од следните елементи: централно во средината е поставен стилиризиран – амблем теракотна икона со златно жолта боја. Над теракотната икона е претставено Виничко Кале, со иста боја како и теракотната икона, симбол за археолошкото наоѓалиште од каде произлегол животот и настанокот на градот и општината, каде се пронајдени теракотните икони. Знамето е во две бои: Горната половина на знамето е со сина боја која означува „Вода“, а долната со црвена боја која означува „Живот“.[1]

  1. ↑ „Статут на Општина Виница“. Архивирано од изворникот на 2025-01-22. Посетено на 2011-12-03.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]