Знаме на Општина Ранковце
Изглед
| Употреба | граѓанско знаме |
|---|---|
| Сразмер | 1:2 |
| Усвоено | 2007 |
| Творец | Стојанче Величковски |
Знамето на Општина Ранковце е официјалното знаме на оваа македонска општина кое било усвоено со последниот статут на општината. Знамето било усвоено во 2007 и било дизајнирано од Стојанче Величковски.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Основна боја на знамето е црвена. Знамето е обработено со 8 (осум) односно 16 (шеснаесет ) триаголници во жолта боја, кои со црвената боја од рабовите формираат древно македонска плетенка , познат симбол од хералдиката. Во горниот лев агол е поставен грбот на општината. Грбот е составен од штит на кој има прикажано две птици-божици кои држат симбол на манастирот Св. Никола.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Знаме на Општина Ранковце
- ↑ „Симболи на Општина Ранковце“. Архивирано од изворникот на 2011-10-08. Посетено на 2011-08-10.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Ранковце, официјално мрежно место Архивирано на 10 октомври 2011 г.
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
