Знаме на Општина Василево

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Општина Василево
}}
Употреба граѓанско знаме граѓанско знаме
Сразмер 1:2


Знамето на Општина Василево е официјалното знаме на оваа македонска општина кое било усвоено со последниот статут на општината.

Опис[уреди | уреди извор]

Знамето на Општина Василево е правоаголно во форма и е поделено на два дела во дијагонален правец од горниот десен кон долниот лев агол. Горната лента е жолта боја, додека долната е во зелена боја. Во средина на знамето се наоѓа општинскиот грб на Василево, кој всушност е штит на кој е прикажано поле, грозје, венец и сонце во изгрев. Официјалниот опси на знамето е следен:

Знамето на општина Василево има правоаголен облик поделен дијагонално, при што долната страна е во зелена боја, а ја симболизира нашата животна средина, а горната страна во жолта боја, што го симголизира сончевиот зрак, симбол на желбата за слобода и светлина. На хоризонтално поставената основа е имплементиран грбот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]