Грб на општина Кочани

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Грб на Општина Кочани)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грб на Општина Кочани
Coat of arms of Kočani Municipality.svg
Подробно
Усвоен 29 јануари 2010 г.
Штит црвен штит


Грбот на Општина Кочани е официјалниот грб на општината. Грбот е составен од голем црвен штит на кој во горниот дел има хоризонтално поставени оризови класја во жoлта боја. Во средината има жолт помал штит на кој има приказ на оризови класја во црвена боја. Автор на грбот е Стојанче Величковски.

На главата на грбот е аплицирана посебната симболика за Кочани - геотермален извор и оризово класје.[1]

Поранешни грбови[уреди | уреди извор]

Стариот грб на Кочани

Грбот на Општина Кочани е дело на кочанскиот сликар Драги Тасевски - Јелда. Тој симболизира штит со сина основа на која е насликана оризова жетварка, облечена во стилизирана македонска народна носија, која над главата држи сноп оризови класје. Жената стои во канал полн со вода, на кој со кирилско писмо е испишано името на Кочани. Каналот го симболизира хидросистемот Брегалница, а зад жетвараката е сончевата полутопка која осветлува средновековна кула, како еден од препознатливите симболи на Кочани. На долниот дел од штитот е претставен дел од запчаник, што ја симболизира металската индустрија во градот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Официјална веб страница за Кочани