Грб на Општина Куманово
| Грб на Општина Куманово | |
|---|---|
Верзија со еден зелен тутунов лист | |
| Подробно | |
| Грбоносец | нема |
| Усвоен | 1996 |
| Челенка | нема |
| Торзо | нема |
| Штит | шпански |
| Држачи | нема |
| Употреба | на знамето на Општина Куманово |
Грбот на Општина Куманово ― грб, кој е всушност амблем, на Општина Куманово. Милош Костадинов во 1970 година напишал статија за општинската хералдика и дошол до заклучок дека само седум општини во Социјалистичка Република Македонија користеле грб,[1] од кои едната била Општина Куманово. Грбот бил сменет од осамостојувањето на Македонија од поранешна Југославија.
Во 2012 година Јован Јоновски од Македонскоto хералдичко здружение го опишал сегашниот грб и како „нехералдички“ и „квазихералдички“.[2] Кумановскиот грб е поставен на таканаречениот шпански штит.[3] На штитот е прикажана градба (Занаетчискиот дом), статуа на жена од Спомен костурницата Македонка, жолто сонце, 1519 година (кога името Куманово било најдено во османлиски документ), името на градот со кирилско писмо. а на дното еден жолт лист од тутун, сето тоа на црвена позадина.

Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Macedonian Herald, Issue 6, p.4 "Heraldika"; retrieved 28 January 2017
- ↑ Macedonian Herald, Issue 6, p.9 & p.31 "Heraldika"; retrieved 28 January 2017
- ↑ Macedonian Herald, Issue 8, p.7 "Heraldika"; Посетено на 29 октомври 2022.
