Стадион Тумбе Кафе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стадион Тумбе Кафе
Стадион под Тумбе Кафе
Главната трибина на стадионот
Место Брдо Тумбе Кафе, Битола, Македонија
Отворен 1937
Проширен 1980 (јужна трибина)
2016-
Сопственик Општина Битола
Оператор ФК Пелистер
Подлога трева
Игра ФК Пелистер
Гледачи 6,100

Стадион Тумбе Кафе, познат и како Градски стадион Битола - повеќенаменски стадион лоциран на ридот Тумбе Кафе во Битола, по кое и го носи името. Моментално се користи најчесто за фудбалски натпревари и е домашниот стадион на ФК Пелистер. Стадионот има капацитет за 6,100 гледачи.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во април 2015 започнала реконструкцијата на стадионот, односно на фудбалскиот терен, како дел од проектот „Хет-трик 4“.[2][3]

Во декември 2016 година, започнала реконструкцијата на трибинскиот простор на северната трибина.[4] Градежните активности околу новата северна трибина продолжиле и во 2019 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]